Сепак јас сум за Иниеста да стартува пред Фабрегас. Не знам зошто ама Фабре ептен слабо работи во дефанзива, а Иниеста многу почесто се враќа назад и брка играч. А спротивно од тоа Иниеста сезонава салбо игра во офанзива, а Фабрегас е поефективен и попродуктивен.
Нападот нема да ни биде фиксен, туку секако дека Меси, Нејмар и Алексис ќе ротираат. Значи често Меси ќе го видиме на крилната позиција. Чави мора да игра, сеуште он ги држи конците во средината.
Во одбраната сепак изгледа ќе стартуваат Пике и Маскерано. Пујол само што се врати од повредата и сеуште не може да го издржи тој ритам. Треба да се молиме да не направат глупост одбранбеното дуо.
Алвес ако игра против Бејл еден на еден т.е ако Бејл игра лево крило, тогаш воопшто не треба да се грижиме, повеќе проблеми ќе ни создава Ди Марија играјќи на било која страна.
Адриано очекувам да биде подефанзивно ориентиран, ама со таа висока одбрана против Реал Мадрид не знам дали е баш добра идеја, ќе треба пресингот да биде неверојатно добар.
Нејмар ќе си има работа со Арбелоа, ама мислам дека Арбелоа нема да може сам да се справи со Нејмар. Санчез треба да биде посигурен со топката, сепак е подобро решение од Педро кој да кажам не ни нуди многу можности во нападот. Ако имаме поволен резултат после 60-та минута тогаш би требало да се внесе Педро кој ќе биде свеж и е многу брз па така на контри можеме да имаме повеќе шанси.
Меси си е Меси!