R
Rigel Kent
Гостин
Да не прочитам лош збор за Нејмар , сите голови на Педро ги намести 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Што му е на ВалдесИнаку не знам дали приметивте нема веќе подавање од голманот до некој играч од одбраната, сите топки ги шутираше накај напаѓачите.
Ја гледам Барса, како да гледам некоја екипа од Аргентинското првенство..Играта полека се менува,изгубивме од атрактивноста, тоа е факт! Но, колку беше атрактивно безидејното кружење и пасовите до бескрај...? Не верувам дека туку така ќе се откажеме од тики така, и далеку од тоа дека заборавиле да го играат тој стил, но тој стил веќе е непродуктивен..сите екипи имаат резервен план..Мислам дека се е дозволено во интерес на резултатот, па и менувањето донекаде на стилот. Треба да разбереме, цели 5 долги сезони се очекува максимум од истите играчи, верувајте да беа роботи до сега ќе откажеа..Затоа се радувам на секој добиен натпревар, и не си поставувам некои високи цели..Тимот не е во фаза кога треба да се докажува тога го направија одамна, на индивидуален и на тимски план..Сето она што би го освоиле само би ја направила приказната за Барса уште пограндиозна..Ме радува формата на Фабрегас, некако поконкретен е, за разлика од оние моменти кога играше полошо од аматер. Ме радува и ротирањето на играчите. Ова подоцна ќе се покаже како многу добар избор..Тата на секој натпревар има различен приод, кон секој противник има различна тактика, и лесно се прилагодува на сите услови, нешто што тешко одеше кај Тито..Тоа е она што очајно му треба на оваа екипа