Iceboy
Porque somos LOS MEJORES
- Член од
- 23 октомври 2008
- Мислења
- 17.306
- Поени од реакции
- 17.974
Руни не игра зошто не може да дише после 60 минута, не зошто не го бива. Зошто Тиаго да не игра ако го бива? Тука играат тие што се најспремни, не тие што имаат звучно име.
Тиаго не е прва постава материјал, посебно не за по 25+ утакмици во сезоната, да не зборувам кога ќе дојдат елиминации во ЛШ, ќе се решаваат титули на сите страни.
Рано му е, годинава играше топло-ладно кога ќе влезеше, знаеше да изигра страшни утакмици и цела средина од него да зависи, ама знаеше и да го нема на терен па Барса со 10 играчи да игра.
Талентот го има, ама му треба време да се усоврши, дали ќе успее или не, тоа е веќе друга приказна.


... Него шала на страна олабавете малце, кога ќе има нешто официјално најубаво ќе биде да се коментира пошто џабе уште сега да се кажува да го повреди некој копач од Стоук, кај ќе игра прв тим и што треба да направи... Кога ќе биде официјално ќе видиме, пошто мене на крај краева ми си чини и дека ќе испадне да остане во Барса (немој да замерите навивачите на Манчестер не дека не сакам да дојде кај вас или нешто друго туку само така мислам), а ова ќе испадне сапуница со цел да му се понудат подобри услови и поголема минутажа. Фала 
.