Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Секое лето прави операција капитенот.

Meanwhile,
FCBarcelona Macedonian Fan Club
Тијаго денеска успеа да направи нешто што на многу други играчи им нема успеано. Постигна „перфектен хет-трик“, односно по еден гол со глава, лева и десна нога, и тоа во финале, и тоа за само 32 минути.
1004036_603054379715899_1844432014_n.jpg
 
Кога ќе видиш дека Сонг на 25 натпревари бил стартер :eek:

BNCZAKSCIAAk-tt.png



Иначе сега гледам дека оваа сезона Тиаго стартер бил на 15 натпревари, а 12 пати влегол од клупата.
Мислам дека ако остане ќе има многу повеќе натпревари, приближно колку Сонг.
 
Кога ќе видиш дека Сонг на 25 натпревари бил стартер
конечно некој да ги погледне фактите а не да дава коментари на база на Трол Фудбал. Оваа сезона имаше многу ротирање на играчите, а оние на кои најмногу им се смеат Сонг и Цеск имаа солидна сезона!
 
Иначе сега гледам дека оваа сезона Тиаго стартер бил на 15 натпревари, а 12 пати влегол од клупата.
Мислам дека ако остане ќе има многу повеќе натпревари, приближно колку Сонг.

Да си ја поправам грешката бидејќи податоците што ги дадов за Тиаго се само во Ла Лига.

Вака е во сите натпреварувања:

Стартер: 20
Од клупа: 16

Голови: 3
Асистенции: 9
 
Pique: "We should convince Thiago so that he decides to stay. Xavi has also be patient and in the end he has marked an era at this club."
 
Nakon što je Thiago, kao nagradu za hat-trick, dobio loptu kojom je igrano jučerašnje finale Evropskog prvenstva, njegovi saigrači su ispisali neke poruke na njoj. Tako je David de Gea, golman Uniteda, napisao: "Nos vemos en Manchester", što bi značilo "Vidimo se u Manchesteru".

998680_608342405857298_1444990453_n.jpg
 
Готова е работата изгледа, да одлучеше да остани досега ќе излезеше со изјава Тиаго, нека тера.

А, многу сакав да го видам заедно со Нејмар на терен.
 
Ептен гадна работа ќе биде да отиде за 18 мил.

Ама работата чкрипи од горе во клубот. Низ некои шпански медиуми се појавија некои шпекулации дека недостасуваа уште 60 минути игра на Тиаго за да не дојде до активизација на оваа одвратна клаузула од 18 милиони.

А Тито што правеше, последниот натпревар со Бетис го става во игра некаде околу 75-80 минута!

Работата е дали знаеле за клаузулата што го имал во договорот на Тиаго. Како прво Тито како тренер на ФК Барселона не смее да прави ваков пропуст, ејј еден од најперспективните играчи кои произлегоа од кантерата да ти отиде за "25 денари"!
Ај да речеме дека Тито не знаел, но тогаш каква функција има камионџијата Роура, тој требал да ги прегледа договорите и клаузулите на играчите. Потоа Зубизарета зошто седи на таа позиција, он е главен за овие работи, он требало да провери и да види и да го информира Тито колку минути треба да му се дадат на Тиаго за да не дојде до оваа клаузула.
Колку само глупо звучеше Тито на една прес конференција кога го прашуваа за Тиаго, а он одговори дека не се замара со клаузулите туку дека ги игра оние кои заслужуваат да играт. А Цеск кога беше во најбедна форма го играше бе глупак!!
Оваа сезона ќе му биде последна шанса на Тито, но ако биде неуспешна се плашам да не отидат курбан и некои играчи како Нејмар, Санчез, Дани, т.е сите што не се каталонци ќе бидат први на одмет на критичарите!

Затоа што побрзо нека почне револуцијата на Лапорта и нека почне падот на Росељ. Не е само за Тиаго туку за многу други работи кои се премолчуваат командувајќи ги медиумите да пишуваат само убави работи!

Е сега доаѓаме до изјавата на Пике кој рече дека мора да го убедиме Тиаго да остане! Сето тоа е во ред, но каде се Чави и Иниеста со тие изјави, па и Цеск, па Пујол како капитен!
Пред некое време имаше изјава на Чави дека се осеќа многу добро и дека сака да изигра натпревари секои три дена! :eek:
Па после како сакате да остане Тиаго?!

Јас се надевам дека ќе остане, бар додека нема официјално ништо!
 
^ Нема врска минутажата со неговата клаузула, после 18 август му прераснува на 90мил но до тогаш сигурно ќе биде дел од некој друг тим. Да беше до минутажата сигурно дека ќе играше уште +60 мин кога веќе и титула имавмо осигурено и се.
 
Да бе ќе го молат него да останува. Да не сака и жртва среде Камп Ноу да му принесат, да земат некоја девица да ја убијат и да се бања во нејзината крв, ебате шо ве гледам чудни. Му кажаа еднаш полека, полека ќе влегува во прв тим, млад е има време за него, не мора да трча ко прле пред магаре, ама не принцезата на тато сакал одма да заигра сите утакмици по 90 минути.
Ако толку запнал да си оди, нека фаќа патот, ете му ја излезната врата, ќе го видиме у Јунајтед/Сити/Реал/или кој и да бил друг клуб да отиде како ќе се снајде.
Ни прв ни последен шо бил голема надеж, а шо си отишол од Барселона.
Лани Нолито (знам дека не е надеж, стар беше, ама пример да ви дадам само) кога викаше дека ако не игра во прв тим на Барса би отишол и во Реал, на клада ќе го запалевте, сега Тиаго друга песна пеете. Ајт нека фаќа патот ако му се оди, ако сака нека останува, нека не прави шпанска сапуница од приказнава.
 
^ Нема врска минутажата со неговата клаузула, после 18 август му прераснува на 90мил но до тогаш сигурно ќе биде дел од некој друг тим. Да беше до минутажата сигурно дека ќе играше уште +60 мин кога веќе и титула имавмо осигурено и се.

Па како мислиш дека дојде до оваа цена!?
Токму поради минутажата клаузулата му остана 18 мил. Да ја имаше потребната минутажа тогаш одма клаузулата ќе му скокаше на 90 мил.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 19:30 ---
Да бе ќе го молат него да останува. Да не сака и жртва среде Камп Ноу да му принесат, да земат некоја девица да ја убијат и да се бања во нејзината крв, ебате шо ве гледам чудни. Му кажаа еднаш полека, полека ќе влегува во прв тим, млад е има време за него, не мора да трча ко прле пред магаре, ама не принцезата на тато сакал одма да заигра сите утакмици по 90 минути.
Ако толку запнал да си оди, нека фаќа патот, ете му ја излезната врата, ќе го видиме у Јунајтед/Сити/Реал/или кој и да бил друг клуб да отиде како ќе се снајде.
Ни прв ни последен шо бил голема надеж, а шо си отишол од Барселона.
Лани Нолито (знам дека не е надеж, стар беше, ама пример да ви дадам само) кога викаше дека ако не игра во прв тим на Барса би отишол и во Реал, на клада ќе го запалевте, сега Тиаго друга песна пеете. Ајт нека фаќа патот ако му се оди, ако сака нека останува, нека не прави шпанска сапуница од приказнава.

Не сакам да го молат, ама треба да го убедат да продолжи кај нас. А ако он јавно каже сакам да си одам тогаш нека си отиде што побрзо, бидејќи мразам вакви сапуници како што спомна и ти самиот!
Играчот е во една фаза каде сеуште се мисли што да прави а до тоа дојде по грешка на целосната управа на клубот. Нека ја имаше клаузулата 90 мил и тогаш нека кажеше дека сака да си оди, е тоа ќе зависеше од клубот.
Вака инает ме фаќа дека едно копиле со такво его игра курташак со клубот.

Дека има квалитети дечкото има и тоа како, ама дека го има тоа бразилското во себе никогаш не сум го сакал како на пример Санчез.

Сега да ја вртиме на другата страна. Ептен голема слабост покажува самиот Тиаго со тоа што бара гарантирано место во тимот, наместо со работа и труд да дојде до тоа. Ама управата е крива што му дозволила да вметне таква клаузула во договорот.
 
Јасна е ситуацијата како ден, има заинтересирани тимови што ќе дадат 18м за да го откупат. Сега он ќе си преговара со нив и најверојатно ќе си оди ако му одговараат условите што му ги нудат тие. Ние за некоја година веројатно пак ќе плакаме по него како за Цеск и ќе го вратиме за двојно од овие 18м
 
Ако сака да си оди за да игра другата година на Мундијалот ондак ова му е глуп потег. Со самото него заминување остава повеќе простор за Чави и Фабрегас, а тие му се негови дирекни конкуренти за во репрезентацијата. Вака ако остане ќе се бори и има поголема шанса, а не верувам дека ќе игра пред нив наредната година.. а и мали се шансите да биде и воопшто повикан. Како замена за него го сакам Гундоган.. никако тој малиот Роберто, врска нема од животот. За 25 мил. може да се донесе Гундоган, ако не Иско.
 
Талент има, не викам не, ама и Тељо има квалитет па не го гледате него да плаче да игра цело време прва постава. Годинава цело време си ја чекаше шансата полека и секогаш ја искористуваше максимално шо рака на срце не беше истото со Тиаго, којшто имаше некои утакмици кога не беше приметлив на теренот.
А и се преценил малку, да игра прва постава во Шпанија пред Чави и Фабре, е полека бе сине 20 години си, сега ти почнува кариерата тек има време ти да бидеш 1ва постава во Шпанија, Дел Боске не е вчерашен. Да заслужува да биде во репрезентација, ама така лесно да им земе место на Фабре и Чави во прв тим и биде прва постава епа потешко малку. За Шпанија се работи, не е ова Македонија, па Бабунски на 20 години да може без проблем да игра во 1ва постава бидејќи толку јаки играчи имаме. Претерува малку со барањава, ќе му се удрат од глава еднаш.
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 21:24 ---
Почнувам да верувам дека ќе биде играч од циркусов.
 
Баш ме бендиса како играше вечерва освен некои дајвинг ситуации, не му требаат искрено
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom