Ептен гадна работа ќе биде да отиде за 18 мил.
Ама работата чкрипи од горе во клубот. Низ некои шпански медиуми се појавија некои шпекулации дека недостасуваа уште 60 минути игра на Тиаго за да не дојде до активизација на оваа одвратна клаузула од 18 милиони.
А Тито што правеше, последниот натпревар со Бетис го става во игра некаде околу 75-80 минута!
Работата е дали знаеле за клаузулата што го имал во договорот на Тиаго. Како прво Тито како тренер на ФК Барселона не смее да прави ваков пропуст, ејј еден од најперспективните играчи кои произлегоа од кантерата да ти отиде за "25 денари"!
Ај да речеме дека Тито не знаел, но тогаш каква функција има камионџијата Роура, тој требал да ги прегледа договорите и клаузулите на играчите. Потоа Зубизарета зошто седи на таа позиција, он е главен за овие работи, он требало да провери и да види и да го информира Тито колку минути треба да му се дадат на Тиаго за да не дојде до оваа клаузула.
Колку само глупо звучеше Тито на една прес конференција кога го прашуваа за Тиаго, а он одговори дека не се замара со клаузулите туку дека ги игра оние кои заслужуваат да играт. А Цеск кога беше во најбедна форма го играше бе глупак!!
Оваа сезона ќе му биде последна шанса на Тито, но ако биде неуспешна се плашам да не отидат курбан и некои играчи како Нејмар, Санчез, Дани, т.е сите што не се каталонци ќе бидат први на одмет на критичарите!
Затоа што побрзо нека почне револуцијата на Лапорта и нека почне падот на Росељ. Не е само за Тиаго туку за многу други работи кои се премолчуваат командувајќи ги медиумите да пишуваат само убави работи!
Е сега доаѓаме до изјавата на Пике кој рече дека мора да го убедиме Тиаго да остане! Сето тоа е во ред, но каде се Чави и Иниеста со тие изјави, па и Цеск, па Пујол како капитен!
Пред некое време имаше изјава на Чави дека се осеќа многу добро и дека сака да изигра натпревари секои три дена!

Па после како сакате да остане Тиаго?!
Јас се надевам дека ќе остане, бар додека нема официјално ништо!