Голман, стопер и десен крилен напаѓач се позициите шо треба да ги засилиме.. Ако се смета веќе дека Нејмар е кај нас.
За голман ќе биде интересно, али реално веќе Пинто не го сакам за на клупа, затоа и Валдес не беше нешто посебно, кога немаш добра конкуренција знаеш дека ќе браниш сигурно и немаш мотивација. Истата ситуација како Пиќе годинава. Тер Штенген со Оиер би биле супер со тоа што другата година може да се размислува да се земе уште еден млад, перспективен и пред се не многу скап голман.
Стопер, според мене Тиаго Силва најдобро би се вклопил, а и реални да биде моментално е најдобар стопер у свет, и има во него уште најмалку добри 3 сезони што е реално решение и со Пиќе би биле страшен тандем.
Напаѓач, покрај сите шпекулации од Лева, Агуеро, Руни па се до Ројс последниот ја би одбрал Ројс со мала предност пред Агуеро пошо може да игра и лево и десно, а е и помлад од него иако Агуеро веќе е уигран од репрезентација со Меси што исто така е многу битно.
Околу заминувањата, ако иде Педро у цената за Силва тогаш еден од Виља и Санчез ќе треба да остане, а тоа најверојатно ќе биде Санчез шо и не е така лошо решение за десната крилна позиција. Со тоа што
Ројс и Санчез би биле десно, Тељо и Нејмар лево, Меси напаѓач, а по потреба Нејмар 9ка, а лево Тељо/Иниеста. Тоа би било околу нападот.
Одбраната, по страната сме топ освен ако не сака да замине Адриано па да останеме само со Алба, ама нема да биде лошо решение ако си замине Адриано, а Абидал да изигра уште барем 1 сезона и и биле покриени за таму. Кај стоперите, Пиќе и Бартра се сигурни,
Тиаго Силва ако дојде и капитенот ако не замине - првите 4 опции, а стварно незнам зошто го чуваат Маскерано, покрај 4 стопери и 2 деструктивци (Бускетс и Сонг)
Да напраиме груба пресметка околу трансферите шо поголем број од навивачите ги сакаат.
Валдес 15 милиони
Адриано околу 7 милиони
Маскерано 15-20
Педро го ставам у трансферот кај Силва
Виља 12-15
Кркич + Афелај 15
Да речеме околу 70 мил
Тер Штенген 12-13
Силва 25-30 + Педро
Нејмар 30 + 10
Ројс 35 мил
Околу 110 милки.
Голмани:
Тер Штенген, Пинто
Одбрана: Алвеш, Монтоја, Пиќе, Бартра,
Тиаго Силва, Пујол, Абидал, Алба
Средина: Бускетс, Сонг, Чави, Тиаго, Фабрегас, Иниеста
Напад: Санчез,
Ројс, Меси, Нејмар , Тељо
Еве му состав на Тито од 22 играчи за 3 години со тоа што другата година само друг голман место Пинто и Пујол и Абидал ако си заминат да се најде решение за нив.
Кој име емаил нека пушта кај Тито
