Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
9. Денеска на 23.04.2013 заврши ерата на Барселона.
Не се слагам, секоја сезона истото го слушам. Успехот на Барца е неспорен ако така гледаш минатата сезона беше полоша од оваа сега имаме примера и полуфинале во Куп и Лига на Шампиони.

Тоа е за да имаш екстра сезона треба да имаш неколку играчи во форма а ние го немаме тоа, сепак нема место за паника. Тоа што ние го играме еднаш или два пати во 2 месеци (како со Милан) Баерн го игра секој натпревар.
 
K A T A S T R O F A GOLEMA

golema greska i na tito,uste pri vtoriot gol trebese da prave izmena,ne deka nesto ke se smenese ako vlezese villa ama sepak trebase da proba
 
Едно време си игравме лагано во гости на нерешено, па ќе дојдеа на Камп Ноу ќе ги исплескавме. Сега кај и да отидеме не плескаат како магариња.
 
922880_2982469818089_1697770835_n.jpg
 
^Да се вратат Гаучо, Ето, Ибра и Енри пак no es posible.
 
Како не бе. Петарда. My ass петарда. Здравје другата година..
 
Јас мислам дека поразот е прилично очекуван, па дури и катастрофата што се случи.
Зошто? Затоа што пола сезона играат вака, што би се рекло крпат дупки, што во одбрана, што во напад (Меси даваше голови за цела екипа), игравме пола сезона без тренер, доста повредени и неспремни играчи. Друго, се гледа отсуството на играчите, треба некој нов гладен за игра и трофеи, трето, треба промена и во пристапот затоа што веќе се знае што ќе игра Барса и се знае како да се сопре таа игра. Трето, не сакам да му замерувам на Тито, човекот доста време се бореше со болеста, немаше време доволно да и се посвети на екипата, но на неколку битни натпревари извади лоша формација, не реагираше на време, што би се рекло имаше соодветен удел во поразот.
Ова лето ќе биде многу битно во поглед на играчката политика, па ќе се знае дали другата година ќе бидеме конкурентни или пак ќе го кркаме од некоја сериозна екипа како Баерн.
 
Има некој шо верува дека е можна Ремунтада или форевер алоун сум?
 
Браво... Во се сложувам со тебе, многу реално кажано како стојат работие во Барса...

Работие можат на многу подобро да се сменат со носење на Хумелс, Нејмар и Ханданович...

Да ме прашаше пред утакмицава ќе речев дека сакам да го видам Нејмар во Барса летово затоа што тактички одговара и има огромен потенцијал ама сега искрено мислам дека може да си остане до 2014 во Сантос.

Мора да се донесе некој со искуство што може уште од одма да има влијание на тимот, а Нејмар со 20 години и искуство само во Бразил е премногу голем ризик. Може да му требаат и повеќе од една сезона за да се привикне што во моменталнава состојба Барса не може да си го дозволи ако сака да има шанси за ЛШ во следните години.

Така што Агуеро подобро да биде прв на листата на Росел ако сака да ги добие следните избори за кои се кандидираше 2 години порано.

После тоа добар голман и двајца одбранбени играчи (идеално Компани и Маркињос) и барем ќе имаме шанса против Баерн на Пеп кој со Гетце ќе биде уште појак.
 
Има некој шо верува дека е можна Ремунтада или форевер алоун сум?
Форевер алоун си.
Само теоретски е можна. Иначе, како може Баерн да изгуби со таков резултат, од било која екипа?
 
Прво честитки до Баерн, тим за кој од секогаш сум имал голем респект и почитување .... Одиграа страшен натпревар, ние послабо и понезаинтересирано ни не можевме... Мое мислење е дека грешки направи Тито околу составот, особено со ставањето на Марк Бартра на еден ваков натпревар .... МОРАШЕ да стартува Аби, иако не беше играл фудбал цела година, иако се бореше со својот живот, одигра цел натпревар во недела, можеше и мораше да стартува вечерва ..... Класата е вечна , неискуството е клучно за вакви натпревари ..... Втора грешка е неиграњето на Цеск, кога почна да влегува во ритам, ќе бевме многу поопасни кога Цеск ќе беше во средина со Меси, вака, густиот среден ред на Баерн не потисна.....


9. Денеска на 23.04.2013 заврши ерата на Барселона.


Со ова си во голема заблуда, дефинитивно .... Ерата на Барселона завршуваше уште кога Рони ја играше последната сезона во клубот, ерата завршуваше кога Рони ја напушти Барселона, ерата завршува секоја сезона ...... Ако е така, ланската сезона беше послаба од оваа, годинава Ла Лига е наша, со овој состав шо го имаме јас и со тоа сум задоволен ..... АМА ..... НЕ ЗАБОРАВАЈ , ФК БАРСЕЛОНА Е ИНСТИТУЦИЈА И ПОВЕЌЕ ОД КЛУБ, И ЗАТОА ЕРАТА ЌЕ ТРАЕ !!!!!!
 
Не се слагам, секоја сезона истото го слушам. Успехот на Барца е неспорен ако така гледаш минатата сезона беше полоша од оваа сега имаме примера и полуфинале во Куп и Лига на Шампиони.

Тоа е за да имаш екстра сезона треба да имаш неколку играчи во форма а ние го немаме тоа, сепак нема место за паника. Тоа што ние го играме еднаш или два пати во 2 месеци (како со Милан) Баерн го игра секој натпревар.

Не збориме за исто кога збориме за ера. :D

Ова е првпат од доаѓањето на Пеп до денеска да бидеме поразени затоа што противникот е едноставно подобар. Се случувало да имаме лош ден, се случувало и да изиграат подобро и да изгубиме ама после тоа да го победиме тој тим.

После ваков пораз ние веќе не важиме за најдобар тим во светот. Сеа може следната година пак ќе бидеме најаки ама ќе мора тоа од почеток да се докаже.

Еве може не ерата, ама првото поглавје од непобедливата Барса заврши.
 
1. Валдес, Санчез, Педро и еден од Пике и Дани на лето да си бараат нови клубови.
2. Фала му за се' на Тито, ама подобро нека си го гледа здравјето, а клубот нека го остави на друг тренер(искусен тренер, не експерименти) пр. Марко ван Бастен, Лаудруп, Биелса или Кројф
3. Росељ и Зубизарета да си заминат за доброто на клубот. Доколку не сакаат доброволно, опозицијата во клубот нека му гласа недоверба на Росељ(како што он му правеше на Лапорта).
4. Мал ремонт во клубот(како надополнување на првата точка), да се донесат 1 голман, 2-3 одбранбени и 1-2 напаѓачи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom