Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Седнав да гледам Бразил - Италија за да го гледам Нејмар зошто викаат многу лошо играл за репрезентација.

Ги уќути уште во прво полувреме мислам. Не дека изигра нешто спектакуларно ама изигра за тимот.

Сколари решил дека Нејмар треба да го маркира Пирло и тоа фластер цело време. Што значи дека Нејмар е цело време на некој 5-60 метра од голот на Италија. Плус теренот е ораница и не може да дрибла многу.

Нема проблем. Изигра дисциплинирано ни еднаш не се затрча без врска и што е најимпресивно Пирло освен еден шут не мрдна цело полувреме.

Прво мислев дека е малку глупо што Сколари решил дека најдобриот напаѓач во тимот толку далеку од гол, ама испадна паметно. Сите напади на Италија одат преку Пирло и секоја изгубена топка беше контра напад за Бразил.

Така падна и голот за 2-0. Нејмар пресече пас до Пирло истрча дијагонално 50-тина метри и одлично го остави Оскар еден на еден со Буфон.

Арно, ама второ полувреме заеба работа Сколари.

Прандели виде дека Пирло е најслаба алка во тимот и го извади. Де Роси ја презема главната улога на креативец, а Нејмар веќе не чуваше никого и отиде поблиску до голот.

Ама затоа што моменталниов тим на Бразил се состои од тешки медиокритети во средина и напад Нејмар едвај виде корисна топка, а Италија израмнија со голчиште од Балотели.

После тоа сите опасни акции на Бразил почнуваа или идеа преку Нејмар ама скоро сите беа без удар кон гол.

Криво ми е што не го видов како игра на крилна позиција али во секој случај им беше најдобар играч на Бразил утакмицава и покажа дека не е типичен себичен дриблер.

Печен е за во Европа. Ваљда ќе биде кај нас.

П.С.
Знам дека сите ќе го обвинат Дани за голот на Де Роси ама не беше он крив. Него работа му беше да стои на прва статива. Проба да спаси нешто и не успеа.

Али најбоље момент беше тоа што Ел Шарави буквално му се плашеше на Алвес. Изгледа му набил комплекс на утакмицата во ЛШ. :D
 
295609_175252065958233_1473247502_n.jpg
 
Алба повреден... нема да настапува против ПСЖ:tapp:
 
Здрав е Монтоја, али овој е еден од најдобрите леви бекови во светот моментално.
 
Здрав е Монтоја, али овој е еден од најдобрите леви бекови во светот моментално.
Абе знам за то, ама мора во вакви ситуации да си ги гледаме расположливите опции. Тогаш со Монтоја и Дани нека издржат на гости, барем гол да не примиме, без многу излети напред, после тоа ако се опорави Алба, дома се че биди поинаку.
--- надополнето: 23 март 2013 во 16:25 ---
Здрав е Монтоја, али овој е еден од најдобрите леви бекови во светот моментално.
Абе знам за то, ама мора во вакви ситуации да си ги гледаме расположливите опции. Тогаш со Монтоја и Дани нека издржат на гости, барем гол да не примиме, без многу излети напред, после тоа ако се опорави Алба, дома се че биди поинаку.
 
Најважното од се е тоа што Тито се враќа на 26ти :D
 
Од каде ви е информацијава за Алба ? Точно е дека се повреди но се уште нема инфо колку ќе паузира. Последно нешто што е официјално е дека се вратил во Барселона на тестови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom