Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Абе Алексис има добар дриблинг, само не знам што е со него, при најмал контакт одма губи баланс. Кога дојде мислам Пеп тогаш му кажуваше што повеќе да ја даде топката и он имаше изјавено како демек во Барса не е можно еден играч да ја има долго топката во нозете. Ама изгледа пресериозно го има сфатено тоа!

Вечерва при една контра го имаше Тиаго слободен он се обиде со долга топка да го пронајде Меси, потоа Меси го имаше слободен он ја враќа топката назад!
Јас мислам дека кај Алексис проблемот е психолошки, ако го решат тој проблем Алексис ќе ни биде од голема корист, бидејќи е играч кој трча многу, покрива по целата линија, ја шири играта, има проблем со завршницата!


Дани ако продолжи вака сигурно летово ќе си оди! Е тоа е маана на бразилците, штом блеснат мислат готово е вечни ќе останат!
Педро исто така ако продолжи вака следната сезона ќе ја грее клупата а на негова сметка ќе игра Тељо, кој ќе прерасне во одличен играч, слично како Педро кога се вклопи во првиот тим. Ете се гледа дека Тељо проработил на завршницата, оваа сезона се повеќе ме изденадува со неговите игри.

Адриано јас би го играл десен бек, ем опасен е со левата нога за шут, ем игра добро со десната за центаршут. Таман да Монтоја од следната сезона се повеќе да добива шанса во првиот тим.

Се што ни треба е еден централен одбранбен играч!
 
Еве едно видео со сите голови... Реал изгубија, а тоа мислам дека значеше и веќе многу видливо и јасно губење на титулата ... Другиве Мадриѓани не се лоши, но сепак далеку заостануваат под нашиот квалитет, што значи нема да ни праат проблеми. Слободно можам да кажам нека ни е честито титулата. (y)
 
Овие се Англичани мислам. И многу го поштувам тој зарипнатиот. Се губи стално коа Барса ќе даде гол.

E=MC^2, and M stands for Messi!!!
 
Во игра се уште 63 бода, ништо не е сигурно. Меѓутоа, ако сега ја изгубиме титулата, треба сите да скокнеме во Медитеранот и да ги нахраниме ајкулите.
Не е моја(наша) работа да оправаме туѓ двор, ама Португалецот кој 'денес, утре и засекогаш ја носи Барса во своето срце' и кој од срце преведуваше во Барса, го расипува Реал. Не знам дали да му давам подршка, бидејќи го руши имиџот на нашиот најголем ривал и со тоа на некој начин ни прави услуга, или пак да бидам против него, бидејќи Реал е клуб со традиција и историја и неговата работа е сквернавење на таа традиција. Посебно кога го видов Икер вчера на клупата. :facepalm:
Не знам дали веќе целосно кренаа глава од Ла Лига и се насочија кон ЛШ, ама сепак тоа си е нивна работа.
Сега засега, од мене останува паролата: Nosotros te queremos, Mourinho quedate! ;)
 
Lele sto mi idat na zivci ovie amerikanskite komentatori, oset za fudbal da se nemalo, ko kosarka go komentiraat i fudbalot
BeIN е американска телевизија а не се лоши коментаторите баш ми се интересни посебно за на Highlights. Според мене 100 пати се подобри од педерот на SportKlub кој е заљубен во Џокович и Мурињо
 
Во игра се уште 63 бода, ништо не е сигурно. Меѓутоа, ако сега ја изгубиме титулата, треба сите да скокнеме во Медитеранот и да ги нахраниме ајкулите.
Не е моја(наша) работа да оправаме туѓ двор, ама Португалецот кој 'денес, утре и засекогаш ја носи Барса во своето срце' и кој од срце преведуваше во Барса, го расипува Реал. Не знам дали да му давам подршка, бидејќи го руши имиџот на нашиот најголем ривал и со тоа на некој начин ни прави услуга, или пак да бидам против него, бидејќи Реал е клуб со традиција и историја и неговата работа е сквернавење на таа традиција. Посебно кога го видов Икер вчера на клупата. :facepalm:
Не знам дали веќе целосно кренаа глава од Ла Лига и се насочија кон ЛШ, ама сепак тоа си е нивна работа.
Сега засега, од мене останува паролата: Nosotros te queremos, Mourinho quedate! ;)

Со оглед на тоа дека се единствен тим што може да ни парира година за година за сите трофеи нестабилноста ни одговара.

Додуша до сега се покажало дека кога Барса си игра на свое ниво никој не може да ја победи. Единствен начин да се победи Барса во важна утакмица последниве 5 години беше да се фати во лоша форма.

Дури и лани кога игравме прилично лошо цела сезона од 6 класика имавме 3 победи, 2 нерешени (и двете ни одговараа затоа што имавме победа од првото коло) и само 1 пораз во период кога и победа веројатно ќе значеше второ место во Ла Лига.

А, тоа концетрирањето на ЛШ скоро никогаш не испаѓа паметен потег. Не може од тим кој што е деморализиран, поделен и преморен да очекуваш да си го подигне нивото на игра кога работите ќе тргнат во погрешен правец како што секогаш се случува во ЛШ.

Многу интересно ќе биде ако испаднат од Јунајтед во 1/8 финале да се види што ќе се случи.

Многу веројатно е дека Перез уште еднаш ќе го остави Мадрид во хаос од кој ќе се оправаат со години.
 
не ги сакам реал пошто ни се ривали секако, за нивната форма не думам, ама тоа што го прави порќе од коа е дојден кај нив е стварно неферски спрема навивачите на реал. тим со толкава традиција, достоинство и уште што не, ги направи во една третолигашка екипа, со сељачко понесување спрема другите играчи. за со против барса нема потреба да се дума, циркуси, тепачки, бркање во очи и триста други глупости. се на се не го заслужуват ова навивачите на реал (тие вистинските секако, што навиваат за тимот, а не оние што навиват за роналдо или мурињо). сакам да видам после ел класико играчите да си подадат рака еден со друг, ко роналдо (дебелиот) и роналдињо правеа. а не ко сеа ел класико е правење инциденти наместо играње фудбал (последните неколку утакмици се исклучок). од сите во реал, најкриво ми паѓа за касиљас. таква легенда на тимот и икона, да трпи лигавење и омаловажување од еден самобендисан, да гледа како овој го запрепастува неговиот клуб
 
Пинто го продолжува договорот за уште една година(до 2014). (y)
Зубизарета изјави дека нема да го продадат Виља во јануари.
Бојан со изјава дека нема да прослави гол, доколку постигне против Барса. :love:

Дури сега ја гледам глупоста што ја направи Алвес.. Не знам дали сте забележале, ама не му е прв пат, често прави така(само што досега овие негови потези најчесто завршуваа како асистенции за гол на некој друг). Подобро е да ја исфрли таа глупост и нека шутира кога има можност за такво нешто.
 
Кога прочитав дека Дани после натпреваров полетал за Бразил јасно ми стана зашто гпупости правеше.

Инаку еден твит :)
John NOT Terry@BigJohnTerry
Lionel Messi can't score without Iniesta and Xavi they said. 91 goals in 2012 and only 12 assists from Iniesta and Xavi they never said..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom