Ако не се смени начинот на квалификации, да ќе биде досадно.
Ама ако се направи построг квалификациски циклус тогаш ќе биде добро.
Има многу добри тимови од Шпанија, Англија,Италија, Германија и Франција што можат да се држат против најдобрите во свет и заслужуваат да играат во ЛШ многу повеќе од тимовите што не можат да направат апсолутно ништо.
Додај ги на тоа и првенствата од источна Европа како тие на Украина и Русија во кои моментално се вложува многу пари и почнуваат да привлекуваат внимание кај играчи и стручњаци.
Пример се Шахтар. Имаат сериозно јак тим со многу јака организација. Не е случајно што се први во група со Јувентус и Челзи. Нема да ме чуди ако Челзи заврши трет во групата.
Ако продолжат вака за 5-10 години Руската и Украинската лига ќе можат да се носат со најаките лиги што ќе донесе уште најмалку 5-6 јаки екипи кои реално ќе можат да стигнат далеку во ЛШ што значи дека ако не се прошири форматот на ЛШ барем 3-4 од силните клубови ќе мора да испаднат во фазата по групи и автоматски ќе им изгубат гледаност и пари на УЕФА.