За грев си.
Го имаш гледано Тиаго или само така кажуваш? Карактер нема? Дечкото секогаш кога добива шанса е еден од најдобрите, само една утакмица изгледај од Шпанија У21, па кажи нешто овде, твојот Цеск што според тебе вреди 50+ милиони за Тиаго ќе биде шала за две - три години.
А, тоа видеото подобро да не го ставеше, така уште поглуп изгледаш. Санчез се сопнува сам и веднаш станува, судијата суди непостоечки пенал, а тој сигурно не треба да се буни ако му досудат пенал
Па добро, по природа човекот е таков да навредува кога не знае што да каже.
Го имам гледано Тиаго затоа што пратам фудбал, а не само лајвскор како многу навивачи на Барса. Еден од најдобрите е на првенството до 21 година како што и Шпанија е најдобра на првенството, ама тоа колку е заслуга на одличниот младински систем на Шпанија толку е и заслуга на катастрофа системот на некои репрезентации како Англија. За тоа имам пишано на темата за европското. Ајде можеби има победнички менталитет, ама кога го пишав тоа мислев во споредба со Фабрегас. Не е мала работа на 16 години да го напуштиш домот со цел што побрзо да успееш. Исто како што направи и Торал сега и покрај тоа што од сите бил теран да остане во Барселона. И да, кога за еден Санчез давате над 35 милиони, за Фабрегас треба минимум 50. Не ме смеј со тоа дека за две-три години Цеск ќе биде шала за Тиаго затоа што не верувам дека сте подобри и ти и сите вие од управата на Барселона, а таа истата секоја година го бара Цеск, па дури и се спомнува Тиаго како дел од понудата. Сигурно не мислиш дека Цеск го бараат за да му биде резерва на Тиаго.

За видеото, иди провери се те молам на доктор затоа што ова или е намерно сопнување или пак зимате хендикепиран играч за тие пари.
И дајте ве молам, не го докажувајте тоа дека сте лајвскор навивачи па да споредувате тука цели тимови или пак титули кога никој не ви го спомна тоа. Или и тоа е дел затоа што нема што друго да се каже?

Ниту Цеск, ниту Чави, ниту Тиаго не и нема да градат цел тим.
http://www.youtube.com/watch?v=wthAWfsle70&NR=1
И еве ако толку сакате да видите што направил Фабрегас и покрај тоа што влегува од клупа секогаш поради тоа што не игра во примера.
И ајде ќе бидеме сега мали деца на улица па ќе ги споредуваме Фабрегас, Чави и Иниеста. Каква споредба сакате да направиме? Нешто што би ми текнало статистички се асистенциите, головите, настапите.
Фабрегас 100 асистенции 56 гола 7 сезони
Чави 67 асистенции 58 гола 13 сезони, а во првите 7 сезони 24 асистенции и 21 гол
Иниеста 39 аситенции 33 гола 9 сезони
И пред повторно да кажете дека не освоил ништо нека ви текне дека Фабрегас ги нема Меси, Иниеста, Пујол.
--- надополнето: Jun 20, 2011 7:35 PM ---
Тоа е веќе прашање на јачината на клубовите. Баш затоа не можеш да споредиш Барселона и Арсенал.

Кај вас играл на 17 години, затоа што на тоа место сте немале подобар, кај нас кај ќе играше тогаш, пред Деко, Чави, Коку, Енрике? Или како да игра константно прва постава сега Тиаго пред Чави и Иниеста? Доколку дојде кај вас(хипотетички збориме) ќе игра, оти немате подобар.

Да, да, сигурно дека Виера, Пирес, Љунгберг, Жилберто беа послаби од тие што ги спомна(а и интересно е што Коку и Луис Енрике не ни играле за Барса во периодот кога Фабрегас почна да игра во Арсенал ама ај) и баш поради тоа Фабрегас најде простор да игра. А ти текнува во финалето што го играа колку беше средината на Барса супериорна со помошта на судиите за голот, со грешката на Алмунија и со животните утки на Анри.
И сигурно дека Тиаго би заиграл покрај Фабрегас, Насри, Вилшер.