Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Е ако де. Не мора да биде вклучен во трампа. Ама може да си оди за 2 евра во атлетико ако дојде Кун.
 
Ме нервира тоа што уште немаме ангажирано ниту еден играч а имаме само 21 играчи што навистина не се доволно ако сакаме да играме на сите фронтови и плус тоа имаме 8 играчи кој имаат 30 и згора години
Пинто (33), Пујол (33), Милито (30), Абидал (32), Максвел (30), Чави (31), Кеита (31), Виља (30).

2 Голмани - Валдес, Пинто
8 Дефанзивци - Алвес, Адриано, Пујол, Пике, Милито, Фонтас, Абидал, Максвел
5 Средина - Бускетс, Маскерано, Чави, Иниеста, Кеита
6 Напад - Меси, Виља, Педро, Бојан, Жефрен, Афелај

За сите овие идеално е да се бараат играчи кој достојно можат да ги сменат а не да се бараат старци како Форлан што ми го спомнавте итн,
Реално треба да гледаме кој ке ја игра улогата на Виља по 2 години ако не доведеме некој млад талентиран ? Форлан ли или Кануте ? ма дајте ве молам.
Кој ке ја игра улогата на Пујол по 2 години Неста ли??? кој е постар од Пујол 3-4 години ? :) не е можно ова што го читам од вас.

Засилувањата за годинава треба да бидат 3-4 по број.

Ни треба Достојна замена за Пујол, Абидал, Максвел, за Чави, Кеита, за Виља.
За сите ветерани треба да си побараме играчи кој за 2 години и кога ке ги немаме овие имиња на располагање како што веќе се застарени, добро е да се доведат некој играчи од Кантерата, а нешо да се купи, Пример ако го дигнеме Тиаго во првиот состав ке биде подобро затоа што нема да купуваме играч како резерва за Чави туку си имаме Кантера истото е и за Пинто можеме да го дигниме Оиер, а и како што читав сме барале некое голманче од Аргентина така да не е тешко за голман.
Пујол е веќе стара машина и мора да се најде нешто што мора да биде квалитетно и да го замени достојно, Сако или Вертоген кој бил. само да не е Силва оти и тој си има 28-29 години.
Што ке прајме за Лев бек ? Абидал остаре Максвел треба да го продадеме, Адриано неможе сам да цела сезона да игра на таа позиција, а и како што знам и за Алвес значи истово, мора да се најде еден што ке ги менува двајцава Еден натпревар да игра пример на местото на Адриано, другиот натпревар да игра на местото на Алвес доколку имаме проблеми со некој од Првотимците на тие позиции, затоа викам да земаат еден што игра и лев бек и десен, или да донесат класа лев бек затоа што Адриано ги игра двете позиции.

Две засилувања требаат во Одбраната, Централен Дефанзивец и Крилен Дефанзивец.
Засилување за Средина не треба бидејќи Тиаго е тука, а и Афелајчо ни игра на позициите башка Џонатан, Ориол од кантерата.
И едно засилување треба за нападот, Роси или Агуеро кој и да е добредојден е.

Ке си имаме ваков состав за следната сезона

3 Голмани :
Валдес, Пинто, Оиер.

5 Централни Дефанзивци :
Пике, Пујол, Абидал, Фонтас, Сако/Вертоген.

3 Крилни Дефанзивци :
Алвес, Адриано, Хосе Ангел/Или некој друг.

2 Деструктивци :
Маскерано, Бускетс.

5 Средина :
Чави, Иниеста, Тиаго, Кеита, Афелај.

5 Напад :
Меси, Виља, Педро, Бојан, Роси/Агуеро.

Да си побараат нови клубови играчите како што се Милито, Џефрен, Хлеб, Кеирисон, Ибрахимович, Ботиа, Хенрике.
Како што имаме 50 Миљони од клубот за летни трансвери со помош и продажба на овие играчи што ги спомнав ке имаме уште некој 40-45 Миљони плус.
За Ибрахимович треба да ни дадат уште 25, Другите да коштаат околу 6-7-8 миљони, и завршена работа.
 
Замислете да го вратиме Ибрахимович?
Би било весело :))))
 
Мињо и Оиер си заминуваат во летниот трансфер период.Ќе имаме засилување од Аргентина,Андрада се вика новиот голман на Барса Б,кој ќе биде купен за 4 милиони евра.
 
Честито нека му е на Луис Енрике. Нов тренер на Рома.

Не е се готово, официјално би можело да биде во недела или понеделник, плус човекот си има натпревар во сабота :)
--- надополнето: Jun 3, 2011 12:52 PM ---
Кун Агуеро > Роси
Агуеро < Роси .... Агуеро е за мене малку преценет играч, го имам тоа пишано и на таа тема, единствена предност на Агуеро или причина за која го величат некои е тоа што е помлад, во овој случај помлад од Роси, инаку ми изгледа преценет и они суми кои се вртат за него се нереални за мене...
 
Ја би рекол вака:

Ако ти треба лидер на нападот Агуеро > Роси.

Ако ти треба еден од напаѓачко трио кое има лидер како Меси, тогаш Роси > Aгуеро.

И двајцата имаат опасна техника, добар финиш и се брзи. Можеби Агуеро има малку предност со техниката ама Роси многу полесно би се вклопил во концептот на Барса.

Плус, ако Роси вреди 20 милиони тогаш Агуеро сигурно не вреди 45.
 
Па до некаде си во право, доколку Барса сака да "лупне" добри пари за некој играч од нападот, тоа нека биде играч кој би ја играл позицијата на Виља, значи оној централниот напаѓач, а ниту Роси ниту Агуеро не се таков профил на играчи, тие би биле корисни да ја покријат онаа лева страна, а на таа страна го имате разиграниот и одличниот Педро(до душа човекот десно игра подобро, али знаеме за кого е зафатена таа позиција) и Виља кој добро игра на таа позиција, плус тука е и Афелај кој добро игра и лево и десно... проблемот е тоа што Виља на некој утакмици оваа година играше лошо и индиспонирано, можеби тоа се случува поради тоа што осеќа некоја слобода, нема кој да го замени, Гвардиола му даваше голема доверба, епа поради тоа што нема кој да го замени, тој можеше да си дозволи да попушти во играта оваа година, еден добар и млад шпиц како Љоренте на пример, би можел малку да му ја зголеми конкуренцијата на Виља, па така можеби човекот повеќе ќе се мотивира знаејќи дека ако не изигра една утакмица добро другата може да биде седнат на клупа... јас така размислувам, малку можеби претерав со критиките спрема Виља, сепак тој имаше солидна сезона, но како да се забележуваше онаа комоција во неговата игра, али ај да не тупам многу, вие си знаете надобро ;)
 
Добро ама Виља не игра класичен напаѓач и он игра лево,Меси игра лажна деветка,Педро на поголемиот дел од натпреварите играше десно но секако ротираат овие тројца.
Значи на Барса не и треба класичен напаѓач од типот на Љоренте туку играч кој знае да игра со топката т.е како Роси,Агуеро кои нема да ја кочат играта на Барса како што беше случај со Ибрахимович.

Или Роси или Агуеро едниот ќе биде но поголеми се шансите Роси да дојде.
--- надополнето: Jun 3, 2011 2:21 PM ---
Гледам се засилуваат шпекулациите околу Алексис!!
 
Од овие сите што се спомнуваат, Санчез ќе биде полн погодок.
 
Бускетс глеј го беее.....
 
Ex-Barcelona player and assistant coach, Eusebio Sacristan has been chosen as the new coach of Barca B for next season [cat radio].
 
Стварно ја претераа работата со Цеск . . . Минатото лето буквално цел трансвер период само за него се дискутираше, годинава пак ќе биде очигледно иста песна . . . Јас многупати сум го кажал мојот став, дека сум за НЕ КУПУВАЊЕ НА ЦЕСК, особено НЕ ЗА ФРЛАЊЕ МНОГУ ПАРИ ЗА ДЕТЕ ОД НАШАТА АКАДЕМИЈА, имајќи веќе деца од негов тип ( Пр. Тиаго ) . . . Тиаго има потенциал не само за да го надмине Цеск, туку и многу повеќе од тоа . . . Според мене Тиаго СЕГА е подобар од Цеск, а замислете што ќе биде на негова возраст . . . Но, кога Пеп толку го посакува, бар нека се реши еднаш работата со него, стварно ми е преку глава - верувам и на вам . . .
 
Abidal.gif

Riddin' dirty :D
 
Агуеро не е во плановите на Барселона и се сомневам дали некогаш ќе биди,но затоа сум задоволен со приклучување на Роси во тимот за кого мислам дека одлично ќе се снајде и конечно ќе си ја пронајде шампионската средина каде ќе дава СЕ од себе,со таков тимски играч Барса ќе добие одлично освежување !

се сложувам дека треба значително да се освежи тимот и да се бараат наследници на ветераните,после вакви игри и успеси на други тимови им се случило тешки крахови следната сезона(Интер е класичен пример од ланската сезона кога играчите си дозволија целосно опуштање,а Бенитез не можеше ништо да стори со тоа,Морати не му донесе никакво освежување и нова конкуренција во тимот),целата среќа тука е што повеќето се деца на клубот и Каталонија од каде всушност доаѓа духот на овој тим
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom