Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Се е ок ама леле какви дресови сме имале,епик фејл хаха....
гледав на една страница,100 најлоши дресови EVER :)
овие се во поширокиот список :nesvest:
после мечот ги облекоа и оние вистинските(не дека нешто поарни беа :) )

ама ај,оваа година во финале ќе ги носиме домашните дресови :)
 
ама ај,оваа година во финале ќе ги носиме домашните дресови :)

Ќе се лутат Манчестер. Во 2009 ние ги носевме домашните, а тие ги носеа белите дресови. :):)
 
Треба многу смирено да играме,многу трпеливо...нема потреба да се залетуваме напред,кога ќе нападнеме очекувам исто како и на минатиот натпревар Дани Алвес да остане назад.
Треба во првото полувреме да не дозволиме да примиме гол,ако издржиме до 75 минута без примен гол тогаш би сакал да нападнеме повеќе и да победиме.

Сепак не треба да го отпишуваме Мадрид.Не очекувам да нападнат толку многу,сепак од нив очекувам игра иста како и во финалето на купот,но разликата ќе ја направиме сами со истата игра од првиот натпревар на полуфиналето во Бернабеу.

Како и да е нам ни останува да уживаме во атмосферата која ќе ни ја пружи Камп Ноу...

ПС: Вечерва очекувам Виља да даде гол...ама навистина :)
 
Ќе се лутат Манчестер. Во 2009 ние ги носевме домашните, а тие ги носеа белите дресови. :):)

е добро де,ќе си размениме дресови на крај коа ќе ни честитаат :P

иначе мислам дека ждрепката и оваа година е иста како и во 2009,пак сме "домаќини".
 
FATAL ERROR !!!!!

Играч не се повикува во тим за натпревар ако не е спремен . . . Абидал е 100% ФИТ !!!!!!

не - туку е повикан да го брка Роналдо,мисли малце не се сили,добро е што на Абидал рано му се дијагностицира ваква болест и што ќе продолжи да си го живее животот како што му е најубаво и како што е навикнат - во и надвор од фудбалските терени....

за комплетна реанимација на играчот ќе мора да се почека до следната сезона
 
Кажвајте како да ви клам слики тука, да гледате од Барселона - Осасуна ако ве интересира.. Во живо, на Ноу Камп :)
 
Кажвајте како да ви клам слики тука, да гледате од Барселона - Осасуна ако ве интересира.. Во живо, на Ноу Камп :)

Цел фан-клуб ти завидува. :):) Прикачи неколку овде на фан-клубот, ако не се ептен премногу. :)


Бтв, вечерва Мурињо според предлог на Барса требаше натпреварот да го гледа од претседателската вип-ложа, наместо од обично столче. Сепак, најверојатно од Мадрид го одбиваат предлогот ''заради безбедносни причини''. :nesvest:



--- надополнето ---



Пристигли су на стадиону:)
scaled.php



"Fire with Fire" of the Scissors Sisters was playing at Barcelona's team bus when arriving.
 
VISCA BARCA
Само тоа од мене :)
 
Сосем очекувано :

Valdes-Alves Mascherano Pique Puyol- Xavi Busquets Iniesta- Pedro MESSI Villa
 
Официјален состав:
Виктор

Дани - Пике - Маске - Пујол

Буски
Чави - Иниеста

Педро - Меси - Виља​
На клупата: Ојер, Фонтас, Абидал, Кеита, Тиаго, Афелај, Џефрен.



- 1.) Мадрид игра со 4-2-3-1 формација (Игуаин напред, Кака зад него, Бензема и Озил на клупата).
- 2.) На Камп Ноу врне
^ Мене овие две нешта ме потсеќаат само на една работа. Кога се споија последен пат, на семафорот по натпреварот пишуваше 5-0.:)
 
Ок....
Ајде уште вечер да ја завршиме најглавната работа за оваа сезона,не ми е гајле дали ќе тепаме,нерешено или изгубиме,само д поминиме понатаму,а сме на добар пат.Мора да се игра смирено,стрпливо исто како пред една недела.Алвес и Пике да не летаат напред,да играме офанзивна игра но не како секогаш,а причина за тоа е дека имаме добар резултат на првиот натпревар.Да се контролира средината а мислам дка и тоа како ќе го направиме со враќањето на иниеста.
Со среќа и со Господ напред идеме у финале...
Visca el Barca...
 
Ептен ќе бидам среќен ако ѕверот Аби влезе барем на 10мин.
 
Ептен ќе бидам среќен ако ѕверот Аби влезе барем на 10мин.

ако биде се во ред за Вембли (не дај боже да не биде) очекувам да го пушти ако нишо друго и у продолжение само за да му дадат еден огромен АПЛАУС :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom