Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
^ ни една екипа не е у 1/4 финале случајно.
иде период на, ту би ор нот ту луз! колку непредвидливи работи можат да ја стрефат Барса за само една недела а не па до крајот на Мај:
во неделата паѓав у транс од играта со глава на Абидал а вчера му извадија тумор, у понеделникот цела екипа беше повредена ама еве денес горе доле првотимците се ок, глупите сценарија со допингот...
уште нешто, не ли ви е чудно малце шо нема никакво инфо околу Пујол и неговото враќање? колку месеци поминаа? се си мислам дека сезоната е завршена за него, Дај Барса да грешам!
Фонтас е внесен во првиот состав ќе го видиме ваљда уште во сабота, глуп момент за "унапредување" ама тоа е, се надевам ќе блесне!
Април ќе биде пекол, не памтам кога Барса имала ваков распоред/можност у три натпреварувања да се сретне со Мадрид, и ако испадне како победник...не знам, се ежам од помислата!
 
Гледам никој не ја спомнува главната работа во мечот со Шахтар. Аман луѓе, зарем не ви текнува? Па Чигрински се враќа на Камп Ноу!!! :tv:
 
hhhahah да да имаат инсајдер ќе им ги каже тактиките
 
Шахтјор не ме загрижува,баш очекувам добри два дуела со доста голови,она што ме загрижува се повредите во последно време + болеста на Абидал.....се надевам дека дуото Чави-Иниеста + Меси ќе бидат поштедени од повредите до крајот на сезоната
 
samo maksvel i pedro ke gi nema protiv getafe
aj samo da nema novi povredi i ke bide dobro i vaka kako sto sme
 
Гледам никој не ја спомнува главната работа во мечот со Шахтар. Аман луѓе, зарем не ви текнува? Па Чигрински се враќа на Камп Ноу!!! :tv:

Ни фали Чиги во моментов :toe:
 
Конечно излезе и вториот дел од мини документарецот за Пеп.

Ова е првиот дел:

Ова е вториот дел:

За превод на англиски кликајте на копчето CC
 
Ова сакав да го слушнам.... никакви потценувања према противникот, ни од ваша ни од наша страна.

Па нормално дека ќе нема потценувања.
Сите екипи сега се тешки веќе.
Ако се земе и нагорната форма на некои од нив како на пр. Реал и проблемите на Барса, ќе биде доста интересно и изедначено.
Како и да е ќе има добар фудбал :)
 
Еј вистина што се случува со капитенот? Можно е да кријат дека сезоната за него може да биде завршена? Ако е така го јадовме стапот,со Фонтас на сите тешки дуела....не знам ама не сакам да размислам,да не паднат сите работи во вода,рекордите и други работи...
 
А јас па не знам што се случува со тој ваш ,, песимизам " ( мала шала :) )

Да, нема информации за капетанот воопшто, и тоа загрижува секако... Но, јас сум уверен дека Карлес ќе се врати до натпреварот со Виљареал... Пред натпреварот со Арсенал имаше обид за негово враќање, но поради подобро заздравување терапијата беше продолжена... При ваква ситуација, Пујол е неопходен во составот и лекарскиот тим верувам дека ќе ја убрза постапката за негово враќање ( сакале - неќеле, како што кажав сите знаат дека е неопходен )...
И да, Фонтас воопшто не е за потценување... Најдобар дефанзивец во Барса Б, 21 година, 5 дуели искуство со првиот тим... Кога Пеп има верба во него, зошто ние да немаме ????

П.С Се е можно, па дури и појавување на Ерик во среда на тренинг :tv:

По враќањето на Дани, Адриано и Меси се средивме малку, па сакам Пеп вака да излезе утре...

Валдес
Дани Пиќе Фонтас Адриано
Маскерано
Чави Иниеста
Виља Меси Бојан

Единствено, многу поверојатно е Пеп да излезе со Бускетс пред Фонтас, но лично јас сметам дека Бускетс ТРЕБА да одмори еден натпревар, и да и се даде шанса и на Маскерано и на Фонтас овој натпревар, кој барем на повидум не треба да преставува проблем...
 
[/COLOR]По враќањето на Дани, Адриано и Меси се средивме малку, па сакам Пеп вака да излезе утре...

Валдес
Дани Пиќе Фонтас Адриано
Маскерано
Чави Иниеста
Виља Меси Бојан

Единствено, многу поверојатно е Пеп да излезе со Бускетс пред Фонтас, но лично јас сметам дека Бускетс ТРЕБА да одмори еден натпревар, и да и се даде шанса и на Маскерано и на Фонтас овој натпревар, кој барем на повидум не треба да преставува проблем...

Баш така
и јас би сакал овој состав,само наместо Бојан да почне Афелај,и ако му се даде шанса цела утакмица да ја изигра сигурен сум дека ќе го постигне првенецот во примера.
 
И покрај проблемите со повредите мислам дека нема да има проблеми утре, не верувам да дозволат 2 нерешени по ред.

И се надевам дека она гнасната екипа Атлетико после 100 год конечно ќе успее да не загуби дома од Реал, па да си се вратат 7 бода плус :)
 
Исто како и Еспањол....:tv:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom