Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Виквате Меси не постигнал уште гол продив Сосиедад, еве ви два..хаха ѕвер !
 
Дали наскоро ке видиме Mакедонец во првиот тим на Барселона


Убав гол :)

Се извинувам ако биле ставени веќе клиповите не сум во тек со форумот долго време бев без интернет :)
 
Еспањол, во превод шпански или шпанско. Тоа е клуб на про-шпанско ориентираните во Каталонија. Нивните фанови за разлика од нас, не сакаат независност на Каталонија, тие не се поздравуваат со VISCA CATALUNYA. Тие се заљубени во Шпанија и најголеми ривали не им се некои екипи од мадрид или од било кој друг шпански град, туку најголем ривал сме им ние, Барселона!
Гнасите се со максимален скор дома, од стадионот Корнела Ел Прат направија нивен бастион кој досега никој не го освои сезонава. Од 7 натпревари имаат скор од 7-0-0 и имаат гол разлика 12-2.:icon_eek: Редно е вистинските Каталонци да им покажат кој владее во Каталонија, а кој е вишок.
Искрено не сум знаел за ова, дека навивачите на Еспањол се против независност на Каталонија и се останато.

Како и да е, мислам дека годинава ќе губат, доста им беше вадење поволни резултати :)
 
Да ја погледнеме малце иднината.
Најпрво во петок треба да ни го изберат противникот за 8/Финале во Лигата на Шампионите посакувам тоа да биде Интер за една одмазда каква што досега немаат видено но сепак останува да видиме што ке се случи во Петок на 17.

Да се префрлиме малку на ова :
Ни останува уште едно коло до крајот на оваа година во која испукавме петарди предвреме.
Последното коло од оваа 2010 ке го играме нашето градско дерби т.е Еспањол екипата која што речиси последниве години ни остави лош впечаток докажаа дека кога играат со нас играат екстра мотивирани и дека се би направиле само да кикснеме ние против нив па макар било и со нерешен резултат се задоволни како да освојале некој голем Трофеј.
Се надевам на победа против нив со 2 голови разлика, иако ке играме како гости сепак Градот е Наш, како што еден член спомна време е да им докажеме дека се вишок. :)
После овој натпревар следи добар одмор за Играчите на Барса, но јас би рекол дека тоа ке биде и еден добар одмор за Нас навивачите.

Потоа од почетокот на новата 2011 година имаме едно засилување кое би дошло како добро освежување за тимот и мислам дека ке даде се од себе да се докаже во моментално Најдобриот Клуб на Планетава тоа е Ибрахим Афелај.
Дечкото има 24 години игра на повеќе позиции во средината но природна позиција му е Лево Крило.
За негов почеток се надевам дека ке ја грее клупата од првите минути но воедно ке добива шанса скоро на секој натпревар ке добива време и до првите минути но тоа ке се случи кога ке стекне самодоверба и кога ке се вклопи во таканаречената "Фантастичната игра на Барса".

Да го погледнеме составот за 2011, само немој Барса да изненади со уште некое засилување во Јануарскиот рок.

--------------------------------------------------------------------------------------
---------------------------------------1.Valdes---------------------------------------
-------------------------------------(Pinto/Mino)-------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------
----------------------5.Puyol----------------------------3.Pique----------------------
----------------(Milito/Fontas)-----------------------(Abidal/Fontas)-----------------
--------------------------------------------------------------------------------------
-2.Alves--------------------------------------------------------------------22.Abidal-
-(Bartra/Adriano)---------------------------------------------------(Maxwell/Adriano)-
--------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------
------------------------------------16.Busquets---------------------------------------
----------------------------------(Mascherano/Oriol)----------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------
--------------------6.Xavi------------------------------------------------------------
----------(Keita/Jonathan/Thiago)--------------------------8.Iniesta------------------
------------------------------------------------------(Afellay/Keita/Jonathan)---------
--------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------
--------10.Messi---------------------------------------------------17.Pedro-----------
-----(Jeffren/Afellay)-------------------------------------------(Bojan/Afellay)------
--------------------------------------7.Villa-----------------------------------------
---------------------------------------(Bojan)----------------------------------------
--------------------------------------------------------------------------------------


Ова навистина мислам дека ги воодушевува на сите, со оглед на тоа дека имаме играчи што играат на повеќе позиции и тоа повеќето од нив се млади играчи, а некој веќе од тие ги предвидуваме како големи таленти Тиаго, Џонатан, Бојан тие се играчи кој потекнале од Ла Масиа и повекето од нас овде вклучувајќи ме и мене се сигурни дека тие едно време ке ја предводуваат играта на Барса.
Се надеваме на многу успеси со овој тим, имаме речиси по 2-3 играчи на една позиција, само нека остане вака и се ке биде во најдобар ред.
Поздрав до сите што го прочитале текстов и го сватиле онака како што мислам јас.
 

мало мало....ама техничарче. :pos2:

Инаку, кратка изјава на Меси за последниот натпревар и за златната топка.

http://tocka.com.mk/index2.php?ID=27453

--- надополнето ---

Уживајте во коментирањево..:)


Овој ако продолжи вака да ги коментира натпреварите на Барса, на крајот од сезоната ќе остане без глас :pos2:
 
Овие фудбалериве биле закон Иниеста секој ден објавува по нешто на фејсбук прави некакви наградни игри пујол дреме на твитер па дури и кристијано роналдо (што го мразам најмногу ) одговара на прашања поставени од фановите на твитер
Лудница ! ! !

PS: Агуеро е изгледа најактивен :)
 
^^ Хахаха Алека колку интересно и слатко e девојчето, ете му се исполнила желбата.
 
Разни шпекулации се вртат.
Алвес не се знае дал ке продолжи, но сега читам и за Бојан нешто на TotalBarca.com стварно незнам колку се вистинити овие работи ама несакам да се случат.
 
Тоа им е работа на весниците... ако немаат ништо конкретно, да измислат колку да се пишува. Така да, ваквите вести секогаш ги примам со доза на резерва, додека не се покаже дека се вистинити или невисинити :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom