Рутинирана победа, без премногу напор. Од вакви екипи како Рубин ми се одмилува фудбал. Немаат што да изгубат, дури и треба да одат на победа чисто за крај на годинешново учество во ЛШ, играат против втор па можеби и трет тим на Барса и се бранат со 10 луѓе цел натпревар.
Инаку мора да искоментирам дека Пеп понекогаш ме нервира со неговото постојано уфрлање на Меси во игра кога е непотребно. Влезе во купот против тие Сеута од 5та лига, со Алмерија ги извади Чави, Иниеста но него не, со Реал повторно играше до крај и сега пак без никаква причина го стави во игра.
Да не бев фан на Барса искрено ќе добиев желба да се повреди па да му текне дека нема потреба за вакви глупави ризици.