Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Кој сега ќе ги слуша мадридските мегафони Марка и АС. А и преведувачот. :pos::pos::pos:
 
Нема да влезе Меси во игра во Казан... не верувам дека Пеп ќе ризикува да се обнови повредата (ако не е целосно опоравен) сепак нема зелено светло за игра и нормален тренинг од медицинскиот тим. Полошо ќе биде ако се обнови повредата, може да го следи понатаму во кариерата. Вака подобро е да го немаме на 3-4 натпревари и потоа да се врати во полн ритам, отколку да го имаме на натпреварот со Казан, па потоа да се мачи со болки и да не дава 100% од себе на теренот.

Јас лично сум за тоа да не игра во Среда.
 
И јас не би да игра во среда Меси. немора да се ризикува, кажав и претходно и да извадиме нерешено Копенхаген дома и гости, Панатаикос гости и Казан на Кампот. После од овие 4 ќе ни требаат 3 победи ки нема да бидат проблем да се најдат. Значи и да извадиме нерешено против Казан можеме да си го дозволиме тоа бидејќи едноставно имаме лесна група.
 
Меси нема потреба да стартува во средата. Нека седи на клупа и во зависност од резултатот нека чека шанса за влез. Кој се сеќава на натпреварот Шахтјор-Барса од групите од ЛШ 2008/09, знае за што зборувам.
 
Нема да влезе Меси во игра во Казан... не верувам дека Пеп ќе ризикува да се обнови повредата (ако не е целосно опоравен) сепак нема зелено светло за игра и нормален тренинг од медицинскиот тим. Полошо ќе биде ако се обнови повредата, може да го следи понатаму во кариерата. Вака подобро е да го немаме на 3-4 натпревари и потоа да се врати во полн ритам, отколку да го имаме на натпреварот со Казан, па потоа да се мачи со болки и да не дава 100% од себе на теренот.

Јас лично сум за тоа да не игра во Среда.

И Кројф го дели твоето мислење. На Блауграна има статија за најновата колумна на Кројф во која се вели точно тоа. И Зубизарета рече нешто слично, не верувам дека и Пеп би ризикувал. Сепак, патува како „морална поддршка“ а можеби АКО водиме 0-2 на 4 минути до крај да влезе, да почувствува натпреварувачки амбиент после 10 дена :)

Инаку, за Камп Ноу, уште од поодамна висеше проектот бидејќи им дојде некако прескап на сите, па ниту еден од кандидатите за претседател во својата програма го немаше предвидено неговото реновирање по проектот на Сер Норман Фостер. Мене лично ми се допаѓа тој проект и се надевам дека во подобри времиња ќе биде реализиран.
 
Цел свет знае дека за реализација на тој проект се потребни мноооооогу пари, јас лично не се ни надевав на тоа дека ќе биде реализиран во следните 20 години. Одличен проект беше, одлична замисла, перверзија беше проектот, али не е време да се реализира сега.

И незнам зошто сите го нарекуваат Росел штедлив, кога логично е да го тргне тој проект, зошто е тешко изводлив финансиски, а и Кампот не е грд стадион па да ни е сега тоа приоритет. Има време за такви работи, сега треба да се концентрира на тимот, на кантерата и општо зајакнување на клубот финансиски. Аххх тој азискиот пазар ми изгледа привлечен :)
 
^ Мислам дека добро функционираат на азискиот пазар, бар последниве 2-3 години. Не ми текнува каде прочитав, пред некое време беше, имале отворено доста фан шопови во тие делови, имале одлична продажба на дресови и разни сувенири. Сигурен сум дека под водство на Росел ќе пристапат со малце поагресивна кампања, со повеќе подготвителни натпревари на тој пазар а со тоа и автоматски ќе се крене популарноста на клубот, каде веќе иде во нагорна линија.

Што се однесува до Меси....како што и пишавте, нема апсолутно потреба да се ризикува со него, без разлика каков ќе биде епилогот од натпреварот. Првото место ни е загарантирано !
 
На Бускетс голот е прогласен за гол на колото :):):)
Дечкото даде гол по 2 години и му го прогласија за гол на колото:vozbud:
 
Ѕвер е Буски.. Уште еден играч кој е производство на нашата школа.:) Моментално е незаменлив на оваа позиција.. Баш ми е криво на еден од најталентираните млади деструктивци Ориол Ромеу нема да може брзо да се приклучи во првиот тим поради Маск но што е тука е.:)
 
Голот на Бускетс за него вреди исто како оној на Иниеста во финалето на светското, затоа што нареден гол дури за 2-3 години (нормално дај Боже да ме демантира). Инаку добро е што моралот на Буски сега му е во облаци, уште повеќе ќе се залага за натпреварот против Рубин Казан, а и понатака.
На ред е да даде гол Адријано
 
Меси нема потреба да стартува во средата. Нека седи на клупа и во зависност од резултатот нека чека шанса за влез. Кој се сеќава на натпреварот Шахтјор-Барса од групите од ЛШ 2008/09, знае за што зборувам.

Влезе, наврати на 5 минути и ги реши
 
^ 83/4 минута влезе у игра, 87-ма им брцна гол за 1-1, 93-та им рече: дојдов, видов, освоив....за конечен 1-2. :):)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom