Речиси сите голови што ги постигна ги постигна во првата половина од лигата, потоа се повреди и буквално пречеше во играта. Нормално е да добие шанса вториот централен напаѓач Бојан... капираш ? Ако не му се седи на клупа, Ман Сити е секогаш тука за него. 
Цел тим изигра лошо тогаш, али ај Бускетс е црната овца, па него ќе го ругаме...  Што не го критикуваш Меси, Ибра, Пујол, Пиќе ? Или на нив им се простува ?  Што не кажа лош збор за Алвес ?   Целосно негова вина беше првиот гол. Пујол и Пиќе заспаа за сите голови. Меси не се виде. Ибра класика - статива.
Ти најде Буси да го критикуваш, пошо му го одземал местото на твојот миленик... 
Ова споредбава Билбао со Интер е смешна...
А за вториот дуел со Интер, кај беше големиот Ибрахимович ? Влезе Бојан на крајот и покажа како треба да игра еден напаѓач во Барселона... Постигна и регуларен гол, кој беше поништен од судијата ? Ти текнува на тој гол ? 92 минута ?   Демек игра со рака на Туре. а раката беше прилепена и топката не ја ни допре. Да беше признаен тој гол, сеа можда немаше да мрчиш за Бојан. Али еве ти нова сезона, последна шанса за Ибра да се докаже. А и да се докаже, Бојан е идната 9-ка на Барса, сите го знаат тоа. 
Затоа имаше најдобар процент на успешни пасови на цело светско, пошо незнае што со топката...
22 години има малиот ! Макелеле на 22 години играше за скапаниот Нант у Франција. Туре на 22 у Грција дремел во Олимпијакос... Маскерано во Вест Хем, Есиен во Лион...   Нормално дека не е совршен ама е подобар од овие што ти ги набројав на негови години. Светски шампион, ла лига, ЛШ, куп, Светски куп, Шпански Супер куп, Европски супер куп...   Едноставно не може да е толку лош а да има све живо освоено на 22 години.  Бускетс ќе биде незаменлив во следниве 10-тина години во Барса, без разлика дали тебе ти се допаѓа тоа или не.