Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пред 5 години бевме број 1 клуб шо трошеше на плати, денес не сме ни во топ 10. На добар пат сме, али ако сакаш да останеш конкурент мораш да трошиш.
Како не сте во топ 10, рамо до рамо со Челзи, Сити, 200 милиони годишно на плати давате, ако е точно тоа што пишува на нет
 
Како не сте во топ 10, рамо до рамо со Челзи, Сити, 200 милиони годишно на плати давате, ако е точно тоа што пишува на нет

Пред короната дававме 700 верувала или не. Знам излезе податок дека имаме нешто околу милијарда приход, од кои 70% се на плати.
 
Пред короната дававме 700 верувала или не. Знам излезе податок дека имаме нешто околу милијарда приход, од кои 70% се на плати.
Епа затоа до ова тереџе е клубот
 
Епа затоа до ова тереџе е клубот

Тоа, плус недомаќинското трошење на Бартомеу и компанијата. Тоа донесе и до заминувањето на Меси, тежок избор кој мораше да го направи Лапорта во првата година од мандатот.

Сега платите ги намаливме за скоро 250%, и планот е пак да се собира шпанската репка во тимот. Процес кој му треба многу време, и прилично тежок земајки ја во предвид фан базата која сака барем по 1 титула секоја година. Има среќа Лапорта шо Барса на Чави изигра скоро перфектно во одбрана пред 2 години па освои некако, иначе до сега ќе имаше бели паломи. :LOL:
 
Само да се сите здрави, да нема повреди овој тим е конкурентен. Барем за Ла Лига и Копа дефинитивно, во ЛШ има многу поголеми риби од нас моментално.
Ла Лига да. Таа се освојува со малите тимови. Во купот ја у старт би играл со тие што нема да имаат минути, да се воиграат, а не да ги префорсираат стандардните и после повреди...
Автоматски споено мислење:

Сега ги гледам играчите што им завршува договор наредно лето.
Штета што имаме проблем со финансиите, интересни играчи може да се донесат.
 
Последно уредено:
барса ги имаше во еден момент меси,суарез,кутињо(дојде по неговата најдобра сезона во ливерпул),грижман(топ форма од атлетико),дембеле(тогаш играч со голем капацитет и од кој се очекуваше многу) и други ,да не речам во тогашно време едни од најдобрите играчи во најдобра форма,па барса играше најгрозен фудбал со мачење и тетеравење

најдобриот фудбал се изигра кога царуваа чави-иниеста потпомогнати од бускетс,пред нив меси........сите поминаа од младинци и практично клубот со малку пари создаде многу

не знам шо е ова кукање дека се немало пари за регистрација на сите светски ѕвезди :facepalm:

малце играчи ви се овие

иначе ене ги реал скапаја трчање по мбапе,кога таму сега прва ѕвезда сака да биде вини и се покажуваат двата некомпатабилни,нормално тука е родриго кој секогаш ќе го поддржува вини.......го заборавив белингем кој лани направи експлозија ,па никако нема да сака да падне и тој во втор план,така егоистот мбапе ќе мора да удоволува прво на староседелците за да се игра фудбал......ќе видиме како ќе се справи со ситуацијата анчелоти,кога веќе сериозно го губи средниот ред ,дали прескапите ѕвезди напред ќе го влечат тимот сезонава или ќе ја упропастат уште од старт.......па дали играат парите или играчите
 
Не сакам да звучам арогантно, ама некој друг има ли чувство како мене дека може да изгазме сезонава? Многу играчи, за разлика ид лани, играат со висока самодоверба. Дел заради освоеното првенство, дел заради Флик.
 
Вака оддамна не сме изгледале.
Браво пред се за Флик.
Олмо како цел живот да игра тука, штета што не му влезе една.
Уште еден до кај 60та и одма нека ротира 3-4 измени Флик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom