Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Во било која 11ка на Чави, Јамал мора да биде прв тим во екипата. Без него Барса не знае гол да даде.

Е сеа се надевам дека научија од Фати, Педри и компанија дека на млади играчи мора да им се менаџира минутажата, доколку не сакаат да го обвинуваат повторно медицинскио тим за уште еден играч кој ќе биде склон на повреди поради преоптеретување на мускулите од премногу минути.
 
Сите овие млади просперитетни таленти што ги наброја се прегорени и во репрезентација.

Целокупното менаџирање е лошо и од двете страни барајќи очајно нови звезди што ќе бидат движечка сила во фудбалот. Факт е дека овие работи неможат да се случат преку ноќ.
 
Гледам дека Ленгле веќе 2-3 месеци игра стандардно во Астон Вила и ја има колку-толку вратено формата.
Според мене треба да се жртвува еден штопер (Кунде или Кристенсен) од кој може да се добијат поише пари, а Ленгле да се врати и да биде 4ти штопер.
Араухо и здрав Мартинез мислам дека се најдобра опција.
Очајно ни требаат играчи од клупа пошо многу повреди имаме.
Приоритет треба да е ДМ и лев бек, а после тоа напаѓач, па и десен бек.
Се ова со претпоставка дека ќе го потпишеме Кансело и ќе се продолжи позајмицата на Феликс.
Нека дојде новиот тренер па ќе видиме пто идеи има, али Рафиња и Лева исто треба да си одат. Првиот ради пари, другиот пошо има висока плата.
 
Брату и ти не си саглам. Да сме го врателе Ленгле а да продадеме некој од Кунде или Мартинез.. Ленгле кога бил у форма всушност?
Дај и Кансело да го откупиме па да го продадеме поскапо и да го вратиме Дест?
 
Шо мислите за ова? Да го продадат Лева може да биде и повеќе од добро засилување. Моментално има предобра сезона, баш би биле тандем со Јамал.

Еден од малкуте квалитетни играчи на пазарот а да бидеме во можност да си ги дозволиме.

Screenshot_20240310_145137_Chrome.jpg
 
Да се надоврзам од муабетот погоре со @ob1.

Се најмило да им изнаебам на цела Шпанска федерација. После се повредувале, епа курот да ми го амкате 3 пати во ден.

1000023486.jpg
 
Пуштете да гледате Ливерпул-Сити. Милина за гледање. Никакво гушење и пимплање на топката, не се кружи по 4-5 минути околу шестнаесетник. Ова ако не почнеме да го играме следна сезона, нема у следмите 10години да излеземе од овој црн период.
 
Брату и ти не си саглам. Да сме го врателе Ленгле а да продадеме некој од Кунде или Мартинез.. Ленгле кога бил у форма всушност?
Дај и Кансело да го откупиме па да го продадеме поскапо и да го вратиме Дест?
Како би имале пари да донесеме ДМ ако не продадеме некој играч што има повисока вредност? Пак би иделе на Ромеу тип на трансфер?
Реков Кунде или Кристенсен пошо они имаат каква таква вредност, а Ленгле би бил 4та опција после Араухо, Мартинез, Кунде/Кристенсен па и Кубарси.
Не знам што не ти е јасно.
Пари за нови играчи немаме ако не жртвуваме некој.
 
Со 10-15-20м сигурно нема да купиш квалитетен и докажан во елитен клуб ДМ.
 
Со 10-15-20м сигурно нема да купиш квалитетен и докажан во елитен клуб ДМ.
Од Кунде може да се извади многу повеќе.
Автоматски споено мислење:

П.С. Ти си тој што се смееше за враќање на Симонс, ама детето гази у Лајпциг годинава, а и лани искина у ПСВ.
 
Кога бе? Немам спомен за нешто такво. А инаку на тема Симонс: Колку и да гази не треба да припари до Барса, за пари отиде у ПСЖ, такви не ни требаат.
 
Во било која 11ка на Чави, Јамал мора да биде прв тим во екипата. Без него Барса не знае гол да даде.

Е сеа се надевам дека научија од Фати, Педри и компанија дека на млади играчи мора да им се менаџира минутажата, доколку не сакаат да го обвинуваат повторно медицинскио тим за уште еден играч кој ќе биде склон на повреди поради преоптеретување на мускулите од премногу минути.

Ова би било можно кога Барса би имала долгорочен тренер од типот на Клоп, а не од типот на Чави, на кој од една изгубена уткамица му се нафрлаат новинари како на мрша со откази. Модерниве тренери немаат простор да ваквите играчи ги одмараат, туку мора да ги играат, за да не би изгубиле работа.
 
Во Барселона кој и да е тренер, кредитите се многу мали. Првите 3-4 месеци те дигаат, те фалат и после тоа на првиот кикс ти се нафрлаат како хиени од новинари до фанови.
 
Поради разгалените "фанови" од Балканов,Индија,Индонезија и остали вукојебини што уште мислат дека сме 2015 година.Пред да дојде Чави се боревме за место во Лига Европа,човекот со 300 финасиски проблеми успеа да склопи тим освоивме лига,купови и еве на добар пат сме за четвртффинале ЛШ.Да можеби не е тренер со кој може целосно да ја вратиме старата слава ама Чави добро си ја заврши неговата работа како тренер во Барса и се повлече во вистински момент.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom