- Член од
- 31 август 2008
- Мислења
- 1.853
- Поени од реакции
- 815
Нема врска Меси, ниту пак бековите (?! од каде бековите ги спомна се чудам... )
Едноставно, полесно е да се извлече топка така. Чиста логика... се шири играта, повеќе можности за пас.
Можеби почесто го гледаме тоа во новава сезона, но во никој случај не е новина во играта на Пеп. Погледни постар натпревар со Туре ДМ, истото се случува.
Бековите (мислев на централните бекови ама лошо се изразив) ги спомнав затоа што ти рече дека кога Милито и Абидал ќе бидат отсутни Бускетс ќе го зазима нивното место што не е така.
А, овој „експеримент“ кај што Бускетс игра скоро цела утакмица како ЦБ е дефинитивно новитет. Точно е дека Туре се враќаше во одбрана да го покрие Алвес кога овој идеше напред ама најчесто тоа се случуваше така што Туре директно го заземаше неговото место додека алвес да се врати од напред и немаше потреба за ништо друго затоа што Абидал не напаѓаше често. Сега имаме двајца офанзивни бекови со Максвел и е потребна поинаква поддршка од страна на ДМ за да се покрие просторот односно потребно е Бускетс да заземе улога на скоро постојан ЦБ. А, финалето во ЛШ беше друга приказна. Туре играше исклучиво како ЦБ затоа што имавме многу суспензии, а не менуваше ДМ <--->ЦБ. Бускетс играше како ДМ.
Исто така има голема врска со Меси овој потег на Пеп. Кога играат Меси и Педро како крила нема потреба од бековите да ја шират играта затоа што Меси и педро ја вршат таа работа ама кога еден од крилните играчи не игра или има лош ден Бускетс се враќа на позиција ЦБ, а Алвес и Максвел ја добиваат задачата да се прошири играта.