Ориол Ромеу денес и официјално ќе го претстават, вчера бил во просториите на клубот.
Пабло Торе официјално на позајмица во Џирона наредната сезона, без опција за откуп, што е добро, би требало да има солидна минутажа во Џирона па ако покаже дека вреди може да рачунаат на него. Реално, сезонава немаше ни простор да покаже каков играч е, ептен ограничена минутажа во цела сезона.
Нико најверојатно ќе си оди, Чави разговарал со него и му соопштил дека нема да има минутажа наредната сезона. Порто е заинтересиран, во напредна фаза биле преговорите, најверојатно ќе биде позајмица со право на откуп или трансфер со buy back клаузула.
Искрено не знам што и дали да очекувам од трансферот на Ромеу. Сепак мислам дека повеќето од времето ќе биде на клупа, тешко дека Чави ќе го игра Ромеу на ДМ позиција прв состав, на сметка на еден од Френки, Педри и Гундоган. Најверојатно овие 3ца ќе бидат стандарди првотимци, со Де Јонг на позицијата на Бускетс.
Во нападот Левандовски на 9ка и најверојатно Дембеле и Рафиња по крилата. Ансу Фати дефинитивно останува, се помалку вести читам за заминување на Феран Торес, а и Ез Абде се врати од позајмица и најверојатно ќе добие шанса во наредната сезона.