Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Вечерва едноставно мора да се победи заради повеќе работи, се друго ќе биде рамно на катастрофа. Притисокот ќе биде голем после двата натпревари без победа како и за враќање на 5-те бода предност, али очекувам момците да си ја покажат својата класа.

Составот стандардниот со измена Максвел / Адријано. Нека седне Максвел малце на клупа, нека одмори, очаен беше на последниве 2 натпревари.
 
Натпреварот е јубилеен 100-ти за Гвардиола во Лигата. Но, има уште еден гоолем јубилеј:
Натпреварот против Билбао ќе биде 250-ти за Лео Меси во сите конкуренции за Барселона во целата негова кариера. Досега, ѕверот има постигнато 167 гола на 249 натпревари во дресот на Барса. (просек 0,7 голa на натпревар = :cuc::cuc:).

Ајде во 250от натпревар да заокружи на 170 гола. :)
 
^ Ете дополнителна мотивација за вечер. :) Али очекувам тежок и тврд натпревар. Билбао на последните две утакмици од купот покажа дека знае како да ја постави одбраната и средината против Барса.
 
Наптреварите против Билбао и Барселона многу често(ај да не речам секогаш) се прекрасни за очи.
Заради оставањето на срцето на терен на Баскијците, Барса е принудена да игра до 100% 93 минути. Против Билбао скоро никогаш нема одмор и тактизирање. Двете екипи се борат до последниот свиреж.
Двата натпревари на Сан Мамеш сезонава(во лигата 1-3 и во купот 1-1) се едни од најдобрите натпревари на Барса сезонава, заедно со ЕлКласико(5-0) и Валенсија(2-1).
 
Незгодни се Билбао, тоа сите го знаеме. Но вечерва едноставно мора да одиме на победа и само победа! Мора да продолжиме со низата победи после 2-та меча кои не се многу за фалење. Значи вечерва очекувам момците да излезат 100% мотивирани и желни за игра, се надевам дека Арсенал многу ги налутил и нив, па да се истрошат вечерва.

^:tapp:
Заради проблеми со левото колено, Валдес вечерва е надвор од составот. Овој е составот што го посакувам:

Пинто

Дани - Пике-Абидал - Адриано

Чави - Бускетс - Иниеста

Педро - Меси - Виља​


И поарно што е надвор од составот, после киксот со Арсенал не сакам да го видам едно 2-3 утакмици!
 
Пинто:tapp::tapp:
Зошто Боже зошто, шо ти згрешивме ние толку??
И дај жити се не туку кењајте по Валдес, 3 години нема кикс направено епа сега еднаш и тоа ќе се случи. На многу поголеми голмани им се случувале и многу поголеми глупости не па на Валдес.
 
Натпреварот против Билбао е 100-тиот натпревар на Гвардиола во Лигата, откако е тренер(од дебито против Нумансија во 2008).
Досега, под водство на Пеп Гвардиола, во Ла Лига имаме скор од 78 победи, 14 нерешени и 7 порази. :zver: Пред фактите и боговите молчат.
Во јубилејниот, 100-ти натпревар, очекувам само и само победа.
Од кај ја најде статијава за натреварите ? Ако може дај линк.
 
Пинто е боље од Валдес бе, преценан е Валдес и ја има предноста во првиот тим затоа што е КАТАЛОНЕЦ !
Мене појќе ќејф ми праи Пинто неголи Викецот.

Ти ова сериозно?? :uvo:

Вечерва ни треба победа.Притисокот е поголем бидејќи разликата меѓу нас и второпласираниот тим е само 2 бода,но секогаш кога играме под притисок играме добро.
Не верувам дека моралот е паднат...Пеп не го дозволува тоа :)
 
Тежок натпревар ќе биде тоа, тие се бранат како диви лавови задоволен ќе бидам и со минимална победа..
 
Вечерва после два меча без победа, мора да одиме на победа,се друго освен победа ќе биде неуспех.. го посакувам овој состав: Пинто-Адријано-Пике-Абидал-Алвес-Чави-Бускетс-Иниеста-Педро-Виља-Меси:)
 
Penya Blaugrana Macedonia Блауграна фанови, ајде на 8. март да ја собереме ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА во Скопје, заедно да гледаме натпревар! Каде - ќе организираме ние. Ќе биде на јавно место, на отворено, спектакуларно :) Велес е со нас, Струмица е со нас како што чув... Ајде да го направиме најголемиот навивачки собир на блауграна фанови во Македонија кој ќе го снимиме и ќе им покажеме во Барселона со кого си имаат работа!!! :)


Мора да се собереме :D
 
Ајде да се собереме сите фанови на Барса и да гледаме натпревар на Барса на едно место.:tv:
 
Од кај ја најде статијава за натреварите ? Ако може дај линк.

http://en.wikipedia.org/wiki/Josep_Guardiola#Coaching_stats


Пинто е боље од Валдес бе, преценан е Валдес и ја има предноста во првиот тим затоа што е КАТАЛОНЕЦ !
Мене појќе ќејф ми праи Пинто неголи Викецот.

Пинто е многу квалитетен голман. Кога бранаше како прв голман во Селта, не за џабе беше прогласен за најдобар голман во Ла Лига во 2005-06.
Ама, Валдес според мене е доста попостојан во формата. А, да тврдиш дека Валдес е преценет голман - :nesvest:


Ајде да се собереме сите фанови на Барса и да гледаме натпревар на Барса на едно место.:tv:

Може за финалето во ЛШ.:):)
 
Абе ајде Пинто....се надевам дека во секој случај ќе обезбедиме 3 бода.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom