Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Алења на последниот натпревар доби иста повреда како Дембеле, ќе се оперира и ќе биде аут 3-4 месеци.

Подобро би им било да се зафатат со носење на Тиаго или некој сличен играч, а не да дремат додека го чекаат Гризман. Сто пати напишав дека клучна позиција е таа за појачување, од фан клубов да се собериме подобро ќе менаџираме со тимов, страшна работа.
 
Технички секретар е спортски директор фактички. Кога прочитав прво мислев дека не е некоја позначајна функција :D Значи Роберт Фернандез е официјално аут :oleee:
Со среќа нека му е, се надевам дека добро ќе си ја врши работата (y)
 
Најтрагичното е што Абидал ќе биде само врската помеѓу соблекувалната и Пеп Сегура, кој всушност е вистинскиот спортски директор и човек кој е задолжен за се поврзано со спортските одлуки.

Фактички за секоја лоша одлука медиумите и фановите ќе го линчуваат Абидал, а тој и покрај тоа што плукаше кај стигне против оваа управа, сепак прифати да работи за нив. Срамен е начинот на кој што се води клубот, наликува повеќе на политичка институција отколку на спортско друштво.
 
Денеска после пријателската утакмица, Гриезман ќе ја соопшти својата одлука. Најверојатно ќе остане во Атлетико.
 
Искрено моментално не ни е потребен. Точно дека е меѓу најдобрите офанзивци, али моментално екипата треба да ја засили некое лево крило. Со Гризман у екипа Дембеле ќе неможе да напредува многу. Преоритет годинава треба да ни е е везњак, штопер и десно крило. И нормално десен бек за да игра С.Роберто средина, ама очигледно нема. Незнам само која е втората опција после Гризман. Вероватно ќе чекаат од Светсково.
 
Јас пак се изнагуглав да најдам нешто :D

И јас мислам дека ќе остане, а нашиве цело лето ќе удираат со главата во ѕид обидувајќи се да го убедат да дојде.
Иначе ако има вистина во каталонскиве весници целите за летово се Гризман, Артур и Ленгле. Осеќам дека Артур ќе биде единствениот од тројцава што ќе дојде :pos: и можеби на крај на лето некој паник бај да се има што да се претстави на навивачите :D
 
Here we go again, уште едно сапуница лето ќе биде и најверојатно при крајот на август ќе донесат некој wanna be талент од Дармштад. :LOL:
Сепак мислам ако не дојде Гризман ќе претиснат јако за Тиаго, ако веќе овој е на продажба. Можеби и подобра одлука ќе биде ова. Не ни фалат голови тоа е јасно, ни фали креатор на шанси за истите.
 
Ништо од Гризман, колку побрзо сфатат толку подобро. Треба уште една опција во напад, да не се лажеме, ќе беше фантастчно да дојде, но по се изгледа ништо од тоа. Некоја поефтина опција нека се земе за напад и се друго да оди за Тиаго и Ленгле.
 
Ништо од Гризман, колку побрзо сфатат толку подобро. Треба уште една опција во напад, да не се лажеме, ќе беше фантастчно да дојде, но по се изгледа ништо од тоа. Некоја поефтина опција нека се земе за напад и се друго да оди за Тиаго и Ленгле.
Од кај знаеш дека е ништо, кога Гризман ништо не соопшти?
 
Моментално ни е повеќе потребен Тиаго одколку Гризман. Се спомнува дека Баерн би прифатила понуда од 50 милиони и Диње. Со денешниве цени мислам дека е ок за 27 годишен играч, само нека проверат убаво како е со повредите да не биде една текма игра, а пет не.

Суарез
Кутињо - Меси - Дембеле
Тиаго - Бускетс

 
Од кај знаеш дека е ништо, кога Гризман ништо не соопшти?
Се чита по изјавата од вчера дека си игра курташак со Барса. Го користи вниманието максимално за да го исцеди Атлетико до последно евро.[DOUBLEPOST=1528635964][/DOUBLEPOST]
Моментално ни е повеќе потребен Тиаго одколку Гризман. Се спомнува дека Баерн би прифатила понуда од 50 милиони и Диње. Со денешниве цени мислам дека е ок за 27 годишен играч, само нека проверат убаво како е со повредите да не биде една текма игра, а пет не.

Суарез
Кутињо - Меси - Дембеле
Тиаго - Бускетс

И една да игра пет да не игра пак ќе е алфа и омега во нашава средина. Но, нема ни збор за него, ќе го носеле Артур сега откако се повреди Алења иначе немаа намера ни него да го носат сега. Можеби недоаѓањето на Гризман ќе ги насочи кон Тиаго, да се надеваме.
 
Последно уредено:
Се чита по изјавата од вчера дека си игра курташак со Барса. Го користи вниманието максимално за да го исцеди Атлетико до последно евро
Вчера Гризман само кратко изјави дека ќе ја соопшти одлуката за неговата иднина пред првиот натпревар на Франција на СП.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom