Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
се осеќа некој замор и немоќ кај Иниеста , Суарез, Бускетс, засилувањата Кутињо и Дембеле не добиваат вистинска улога во тимот, Кутињо е разигрувач и околу него треба играчите повеќе да трчаат во празно како и да му створат шут позиција на 18-20 метра од лево, додека Дембеле далеку е од натпреварувачка форма за да биде во ростерот на Барса во досегашниот дел од сезоната

и уште еднаш се покажа неиграњето на Алба како голем минус во играта на Барса, одлично се разбира со Инеста и Меси наведениот и знае точно во која минута и секунда кај да се најде и да биде успешно проигран за пробив на одбраната

многу слабо, не личи на тим на Барса да очекува да победува во крајните минути со вакви тимови , мечот треба да е завршен максимум до 65та минута
 
Фановиве на Челси оставете ги,си лечат комплекси ништо страшно не е,иначе тоа што сакав да го потенцирам е дека незнам кој колку ја прати Барселона ама бековите и те како се битни во овој систем на Валверде,и треба да се во полна физичка форма,уште незнам која година по ред е каде што се гледа лошата трансфер политика,требаше Нејмар да замини за да се свести управа дека трансфер/и требаат цело лето заспани беа,АМА нивнава политика ја знаеме,зошто да биде просто кога може да биде сложено? После една успешна сезона на Дембеле во Дортмунд од 20-Годишен играч 105-мил. платен очекуваме да го замени Нејмар (Трет најдобар играч),по мое тоа е голем притисок кој што Дембеле неможи да се носи.Јас Валверде воопшто не го критикувам кога има еден ростер од кој 70 % се просечни играчи каде што го вади максимумот од нив,иако некои играчи се форсирани заради маркетиншки причини,и се очекуваше овај период каде што во првиот дел Валверде воопшто не ни правеше големи ротации,а има обемни ротации и друга Барса е на терен,и поради тоа помалку ротации=Повеќе физички замор АМА додека има резултати знаете и самите све се турка под тепих
 
Сега читам, не ти бега бан, ама можеби ќе се смилуваат. :icon_mrgr:
 
Ми се смилуваа. :LOL:

Иначе сите здрави играчи биле повикани за мечот со Атлетико. Штета шо се игра од 4, ќе ги дупи сонцето еден од голманите. На вакви утакмици се е фактор.
 
Ми се смилуваа. :LOL:

Иначе сите здрави играчи биле повикани за мечот со Атлетико. Штета шо се игра од 4, ќе ги дупи сонцето еден од голманите. На вакви утакмици се е фактор.
Само судијата да не е фактор, иако очекувам да биде. Нека победат како знаат и умеат, да им се посерат на душманските гомна во устите :D
 
Во сезона во која март влегуваат без пораз, колку сака не се убедливи последниве неколку утакмици, не може Атлетико се да тепа до крај бе мајката, влезени се во форма да, ама има време, клупата Атлетико нема, како нас од лани се, само прва постава игра. Плус ко ќе затепаат играње четврток - недела мало морген дека ќе останат до крај у формава. Надежно и Реал ќе ни направи услуга па ќе ги заебе у меѓусебен :)
Шала на страна има време дечки, полека малку, утре влегување со најјака 11ка и бушење како од времето кога редовно на Кампот примаа по 4-5 гола.
 
Многу притисок ќе има врз судијата утре, а судијата Хил Манзано е еден од најмладите во лигата (генерација на Иниеста).
Имаме контроверзни моменти со него во минатото во Ла Лига.
Има судено 2 натпревари Барса - Атлетико, и 2та во копа дел реј (првиот кога Арда Туран како играч на Атлетико со копачка го маваше линискиот судија, а вториот кога им даде жолти картони на Роберто и Суарез во полуфиналето и го пропуштија финалето).
Очекувам утре да се изгуби и да исклучи играч на Атлетико. :D
 
Пак без Дембеле.
 
Се повреди Иниеста. :facepalm:[DOUBLEPOST=1520178217][/DOUBLEPOST]Месиииииииииииииииииииииииииии :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom