Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нолито изгледа само јас не сакам да го видам во тим, мислам дека го доживува врвот на кариерата моментално, џабе ќе даваме 20+ милиони, не треба да се трупаме со играчи на таа возраст.
Гумбау воопшто не го сметам како сериозен кандидат за среден ред кај нас. Сампер сакам да го играме и Грималдо на лев бек од Б тимот. Халилович, Д. Суарез, Рафиња се повеќе од солидни замени за Иниеста, Ракитич и Туран, покриени сме одлично таму и ако веќе се купува, освен ѕвезда од тип Погба/Верати/Кутињо не сакам ништо друго, мразам кога купуваме медиокритети. Во нападот мислам дека ќе бидеме покриени со Халилович, Туран како замени за крилните позиции заедно со Мунир и Сандро. Не ни треба ремонт, освоивме тројна круна пред неколку месеци мајка му стара. Најмногу вреди да лупнеме пари на Лапорт, тоа единствено ми е поголема желба.
Се слагам со тебе за се, освен за Нолито. Клаузулата мислам дека му е 18 милиони и тие пари се исплаќа да ги дадеме за играч што го знае клубот и системот на работа. Плус. ќе влага од клупа и ќе биде земен додека созреат Мунир, Сандро, Халилович...
Инаку потполно си во право за Гамбау, иако Енрике не мисли исто. Му даде шанса пред Сампер. За Грималдо пишиваше дека сака да ја напушти Барса на лето, затоа не пишав за него. Халилович и Д.Суарез многу ги сакам во тим, а Сандо и Мунир мислам дека нема да прераснат во големи играчи. Едноставно може да бидат нешто слично на Нолито, и за нив нема место во ваква Барселона.
 
А шо сакате, да најдат некој 20 годишен потенцијал за да дреми на клупа? Нормално ќе земат искусен играч на кој шо не му е проблем да седи на клупа.
 
На ФБ страната на Барселона пишуваше дека Сандро и Мунир во јануари ќе одат на позајмица.
Ваљда планираат некој да земат.
 
Due to UEFA rules and club debts, Barça can only spend 10M in January after the transfer ban.[DOUBLEPOST=1444583929][/DOUBLEPOST]Ако ова излези вистина пропаднала сезонава, со гумбау во средина че играме да ти ебам управата
 
Ќе стават некоја цака. 10 милиони сега , и уште 20-30 ако играчот ја изигра полусезоната до крај. :pos:

Иначе Нејмар најверојатно ќе го продолжи договорот до 2020. Не ни сакал да слуша за понуди од други клубови. :LOL:
 
Се преговара со никој, ветар во магла. Никој нема да донесат или евентуално нешто евтино колку да не е без ич.
 
Колку што разбрав јас под правилата за финасискиот фер плеј клубовите се лимитирани на тоа колкав дел од приходите можат да ги користат за плата а не колку пари можат да трошат на трансфери. Како и да е очекувам да има доста промени во клубот во јануари.
 
Нолито изгледа само јас не сакам да го видам во тим, мислам дека го доживува врвот на кариерата моментално, џабе ќе даваме 20+ милиони, не треба да се трупаме со играчи на таа возраст.
Лом ги направи Украина во 2-3 потези
 
Мое мислење е дека на Барса му фали крило/шпиц за замена и еден млад стопер,а за видал се надевам дека ќе се вклопи во тимот.

Sent from my 6050Y using Tapatalk
 
Мое мислење е дека на Барса му фали крило/шпиц за замена и еден млад стопер,а за видал се надевам дека ќе се вклопи во тимот.

Sent from my 6050Y using Tapatalk
Моментално најмногу од се средина фали. Иниеста е надвор од форма а Ракитич не игра како што играше лани.
 
Моментално најмногу од се средина фали. Иниеста е надвор од форма а Ракитич не игра како што играше лани.
Ракитич игра добро само нема со кого да соработува во средината фали човек

Sent from my 6050Y using Tapatalk
 
На Барса очајно и треба некој на средина креативец , мора да се донесе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom