Уште на почетокот на минатиот месец почнаа шпекулациите со Ројс..Потоа како наеднаш да прекинаа, мислам дека Дортумнд му понуди договор без откупна клаузула, па сега повторно се активираат тие шпекулации..Мое видување е дека сигурно овој преоден рок доаѓа една ѕвезда во Барса.Шансите тоа да биде Агуеро се премали, па можеби се насочени кон Ројс и верувам дека ќе биде понуда повисока од 35 милиони, бидејќи досега и не потрошивме многу пари, а со сигурност ќе замине уште една ѕвезда од нападот. Дортумнд не би продавал, но така беше и за Геце, така беше и за Левандовски, па на крајот желбата на играчите пресуди. Доаѓањето на Ројс во клуб како Барса е искушение и предизвик кој не доаѓа секој ден, огромен чекор напред е тоа..иако после повредата мислам дека заминувањето не му е во прв план..Останува да видиме, ќе биде интересен расплетот, кој ќе биде после Светскотото во Бразил