Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.859
- Поени од реакции
- 23.305
Еден специјален поздрав од Кајгана Фан Клуб на Барселона, до екс-претседателот Сандро Росељ
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Треба сега да се поттикнат членови од раководството на фракција, да се соберат доволен број(мислам 40% треба) и да побараат распишување на избори, т.е. гласање недоверба на моменталното раководство, со што раководството би паднало и би се распишале предвремени претседателски избори.
Многу порано требаше да поднесе оставка Росељ и да си замине.. го однесе клубот во долгови и го уништи и сега поднесува оставка.. али подобро сега него да останеше до 2016.. нека иде побрзо да не го гледаме веќе.. како што гледам сега за сега не се најавени предвремени избори и Бартомеу ќе остане до 2016.. ако набргу нема предвремени избори и овој остане до 2016 многу лошо ќе биде и клубот би можел да се најде во многу полоша ситуација од оваа.. се надевам само дека сега ова нема да влијае толку на играчите и ќе продолжат како до сега.
У страшна форма се Сити, а и реално имаат многу квалитетен тим.
Фернандињо и Туре се страшни на средината. И тоа шо ни е јака страна нема да може го искористиме. Агуеро и Негредо исто така се у страшна форма. Тука се и Навас, Насри, Силва, Џеко... За воздушни дуели да не праиме муабет. Единствено гледам шанса ако се опораи Нејмар таму кај Забалета да напраи нешто. Од Санчез и Педро не очекувам многу, а Меси ако игра лажна 9ка нема да пркне пошо не да биде удвоен, утроен ќе биде покрај Јаја/Фернандињо и Компани и компанија. Скептик сум малку за овој двомеч али сепак како навивач се надевам да поминеме у следна фаза.
Јас не сум скептик, веќе 2-3 сезони истото се збори за Сити и кога ќе дојдат утакмиците во Лига на Шампиони си чурат неочекувано. Тотално рамноправен 50-50 дуел ќе биде тоа само Тата да одигра паметно со ротирањето бидејќи не смее да се дозволи да се киксне уште неколку пати во лигата во толку краток период и да мислам дека сеуште сме прв фаворит за освојување на Ла Лига