Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Последните 2 гола на Алексис

817928676.gif
 
Добар Вики ама ја едвај чекам да го видам на голот некој од Штеген или Куртоа
 
Kurtua bi bil idealen za nas poradi visocinta...

Inace Messi bese zrtvuvan samo za Nejmar(odnosno za timot i taktikata),vidove kolku prostor imase za Nejmar i site sansi se odvivaa preku nego...Taka da mi se dopaga taktikata na Tata Mata...
 
Меси бил жртвуван еден натпревар и на тој единствен натпревар не одиграл добро и Меси нема вина заради тоа што како што рековте бил жртвуван иако важи за најдобар на свет, мора да се прилагоди. Или па што има да се прилагоди коа се работи за неговата природна позиција. Нејсе зборот ми е, Маскерано од кога дошол во Барса се жртвува на неприродна позиција за него и цело време се пцуе по него. Нема тука жртвување ова она, Меси не е тоа што беше и факт е и треба што побргу да се помириме со тоа. Немојте веќе да очекувате да ја земе топката и да помине 3-4 играчи ко што знеше порано.
 
Меси беше жртвуван, имаше друга улога, не му беше работата да земе топка и да помине 4-5 играчи на противникот.
Меси беше жртвуван од тактички аспект, не е работата ете ти само ќе играш десно, не е така едноставно. Никој не вели дека Меси беше меѓу најдобрите ама заврши голема работа за тимот.

Messi recovered 7 balls against Real Madrid last night. Only Pique (12), Mascherano (8) and Busquets (8) recovered more.

;)
 
Честито победа, по подолго време против најлутиот ривал .... Ова беше за Тито ...

Добар состав извади Тата, а Цеск беше најслаба алка во него .... Но, можеби тоа беше намерно за да Меси игра принудно десно крило а Санчез во средината не беше планиран ....

Тактички Меси одигра одлично , играше улога во која не сме навикнати да го гледаме, ама Тата успешно го изведе тоа .... Целата игра се базираше по страната на Нејмар, а овој одлично се снајдуваше .... Чави беше мозок, Иниеста во првото полувреме сјаен, а Бускетс не знаеше за грешка .... Муабетите за Меси се излишни , и ланската сезона зборевте за тоа дека не бил оној истиот , а Меси секоја сезона е се подобар и подобар .... Споредбите со Роналдињо се смешни, Рони играше три сезони во добра форма , потоа журките си го направија своето .... Меси веќе 6-7 сезони е во топ форма и секоја година е се подобар и подобар .... Кога само тој постигнуваше погодоци не ви чинеше, сега кога и другите се ефективни пак не ви чини ....
 
Не ми се верува што све прочитав по фан клубов за Меси. Абе човекот ни е прв стрелец и покрај тоа што не е физички подготвен да изигра 90 минути и 2 натпревари пропушти заради повреда.

После неколку години каде што го носеше телото до граница на издржливост нормално е да има физички проблеми и замор кај него. Дури и ваков против Мадрид беше најважниот играч на терен. Целата тактика на двата тима се вртеше околу него.

Ќе си влезе во ритам со тек на време. Ако кондиционите тренери си ја знаат работата (а, досега покажале дека си ја знаат) нема да го притискаат што побрзо да постигне врвна кондиција туку ќе го остават да си дојде само по себе. Така ќе го имаме Меси во најдобра форма за втората полусезона кога највеќе ќе ни треба.

А, тоа дека веќе нема да зима топка и да поминува по 3/4 играчи кажи им го на одбраната на Реал. Барем двапати ги извезе сите.
 
Кога ова? Дај клип
--- надополнето: 28 октомври 2013 во 18:08 ---
 
Пиќе нема да игра утре, се надевам нема да кикснеме уште со еден кандидат за испаѓање од лигата и да ја "клоцнеме кофата со млеко" што ја наполнивме во Сабота.
 
Според ЕМД и Спорт, Барса денес постигнала пред договор за потпишување на Тер Штеген. Трансферот би изнесувал 10 милиони евра.

И друга информација е тоа што Мартино сакал чиста 9ка во тимот, така да не е исклучена можноста за доведување на таков играч.
 
Пред 40 години првпат стапна на тревата на Камп Ноу, таа сезона ја освои и Ла Лига, се друго е историја. Мудрецу се поклонувам.:cuc: Еден е Јохан Кројф.

BXqMljUCAAAgYCq.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom