Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Некако Иниеста ми делува незаинтересирано за игра со Нејмар, или за игра воопшто.
 
Аман бе, само маани наодите. Влакно во јајце барате. :pos:

With 6 wins and a goal difference of +17, this is Barcelona's best Liga start in history.
Barcelona coaches with best Liga debut: Martino (6W +17), Bellamy (6W +15), Vilanova (6W +12), Van Gaal (6W +12).
 
Аман бе, само маани наодите. Влакно во јајце барате. :pos:

With 6 wins and a goal difference of +17, this is Barcelona's best Liga start in history.
Barcelona coaches with best Liga debut: Martino (6W +17), Bellamy (6W +15), Vilanova (6W +12), Van Gaal (6W +12).

И тоа игравме со тимови како Малага, Севиља, Валенсија, Сосиедат...
 
Мислам дека Тата многу добро си ја знае работата и очекувам многу титули под негово водство.Играме убав фудбал без многу тинтлање,имаме подиректна игра,со многу похрабри пасови во споредба со лани.
Со доагањето на Нејмар ни се разиграа и Педро и Санчез.Нападот ни е во јака форма,средината просечна со исклучок на Буски и Цесц кој е еден од подобрите годинава.Браво за Нејмар и честитки за неговиот прв гол во лига(нека му се множат)(y).
 
Генијалец е Тата. Нека не претерува Меси си кажа човекот дека никој нема непотребно да прегрее по терен. Голот на Батра ќе му донесе самодоверба и ќе го направи уште постабилен и мотивиран да се труди повеќе. Тата го тестираше пресингот, дефинитивно му успева. Оваа тројка Нејмар, Меси и Санчез мене барем ми е омилена. Таа лева страна со Нејмар - Адриано/Алба годинава ќе биде главна во собирање на успеси.
Не знам што се случи со Маске ама одбранава тек сега ќе биде комедија. Пике е дефинитивно незаинтересирано човече. Него ќе го оправи само добар и квалитетен DC. Вака ќе си се глупира пред гол.
Мислам дека единствен кој е најблиску до Чави и кој мисли што да прави со топката пред да ја подаде е Буски. Ме воодушевува дечково.
 
се нешто ви смета бе после ваков меч да земиш да се буниш за нешто... незнам.. земете лечете се... искрено најлошите фанови барса ги има... малку црн период во тимот да има, све у курац оди... едноставно се сакате како шо треба да е, перфектно... а и то би ви здосадило многу брзо сигурен сум
 
Еве ме и мене после подолго време.. и пред да прокоментирам нешто за денешниот меч морам да кажам дека оваа сезона имаме две одлични засилувања... Нејмар кој досега игра одлично и веќе има 5 асистенции во Ла Лига,а денес го постигна и својот прв гол... а второто засилување оваа сезона според мене е Санчез, кој мислам дека игра како препороден од почетокот на сезоната,иако е сеуште многу рано да се зборува, но ако продолжи вака тој ќе биде клучниот играч оваа сезона..
Иначе за денешниот меч нема што многу да се зборува,одлична игра посебно во првиот дел, кога не им дозволивме на Сосиедад да дојдат до нашиот гол, освен во првите две минути кога имаа две одлични шанси.. од тогаш натаму ние ја контролиравме играта и сето тоа резултираше со три гола во мрежата на Сосиедад за само 25 минути, честитки за првенецот на Нејмар во Ла Лига.. вториот дел го почнавме исто така добро, но се виде дека играчите малце се опуштија по големото водство што го имавме на полувреме.. и Сосиедад создадоа неколку шанси за гол, од кој едната заврши во голот... до сега се фукционира одлично, но во меч со појака екипа ќе ни биде многу тешко со ваква одбрана, во Јануари мора да се донесе стопер, дека со ваква одбрана и со ваков да не кажам катастрофален Пиќе тешко ни се пишува, и ако не се донесе некој квалитетен стопер јас мислам дека уште сега може да се опростиме од ЛШ.. а би требало да бидеме презадоволни и ако земеме било каква титула оваа сезона, особено во Лига, која ќе биде многу тешко да се освои, посебно ако ние останаме со оваа одбрана до крајот на сезоната.. се надевам дека Тата и управата ќе се свестат и ќе донесат СТОПЕР во Јануари.
 
Кога и да се врати Пујол, тој што ќе биде седнат на клупата треба да е Пике, барем на големите натпревари! Не можам веќе да го гледам како се глупира.
Нема конкуренција затоа си го лади, сетете се само првите сезони кај нас како играше.
 
Тата-Звер! Ова се бара,дирекност.Без многу калкулирања,кружења...Добра страна е то што играат доста на широк простор(што им дава на противниците можност да излезат од својата половина).Не се губи драгоцено време со бесконечното пимплање.Тактиката е феноменална.
Но тимот? Баш не...
Очигледна работа која ми боде очи:Жарот! Се нема оној жар кој е потребен.Пике во одбраната е аматер,страшен аматер.Маске солиден.Алвес често пати извисува во нападот.Адриано игра поповлечено(за разлика од Алба кој често пати и тој умее да заспие во нападот).Средината:Иниеста дефакто си има мака,ма човече невозможен пад на формата.Си игра ташак,губи топки.Тотална незаинтересираност.Чави топло/ладно,исто и Буски.
Нападот:Меси,веќе се дига.Се осеќа во воздухот таа ароганција(излезе надвор од терен нити поглед не фрли на Тата).Јес да многу створи за овој тим али таа ароганција и дигнатост знае многу да кошта.
Нејмар-Прекрасен,се гледа неговиот беспрекорен талент и желба за натпреварување.Алексис-Доста борбен но некако несигурен во себе,слаба самодоверба.Гледа само да асистира.Човеков е талентиран само му фали “храброст“ да не гледа многу во меси,иниеста и слично туку да си игра своја игра(нешто што играше на почетокот кога дојде).

Од ова што го гледам:Меси,Иниеста,Пике-на овие дефинитивно им треба шамар да се освестат каде се наоѓаат.Јес да се фаци , многу направија за овој клуб но односот и пристапот е многу непрофесионален.

И да,фудбалот се игра 90 минути(уште не научија дегени ниедни...се вадеа против Валенсија и Севиља али во круциални натпревари,поготово во ЛШ ова ќе кошта премногу).
 
Против поголемите клубови:

Messi%20Cronaldo%20Big%20Clubs.png



Во финалињата:

Messi%20Cronaldo%20Finals.png



На репрезентативните натпреварувања:

Messi%20Cronaldo%20National%20Team.png
 
Скоро сите го критикувате Пике вечерва. Нормално, тоа и јас постојано го правам, ама вечерва, до моментот кога го примивме голот Пике беше ОДЛИЧЕН.
 
Скоро сите го критикувате Пике вечерва. Нормално, тоа и ја постојано го правам, ама вечерва, до моментот кога го примивме голот Пике беше ОДЛИЧЕН.

Епа толку фали на големи натпревари, еден кикс и отиде јабана цела сезона.
 
Кога ќе видиш подобро и правилен потег беше продавањето на Давид Виља. Едноставно нема место за него тука. Нејмар е безпрекорен, а Тељо е млад и треба да добива што повеќе минутажа.
Него да ги земеме на зимо Д.Луиз и Мата гледам Мурињо не е задоволен од нив :D
 
Ете го Меси на фб со став.

I didn't mean to make any gesture when Martino took me off. Nobody likes to be out, but we must accept it because it is the best for our team. What I will not accept is that certain media tell lies about any situation that happens around me
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom