Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Tata mata who the hell is he ? Koj e ovoj :confused:

Единствена квалификација му е тоа што е роден во истиот град со Меси. Очигледно за моменталната управа тоа е доволно за да се биде тренер на Барса
 
Акуна Матата :facepalm: добро бе овај росељанкото само да разочара нешто, штета за оваа генерација да остани без тренер и водич низ натпреварувањата за годинава........сите трк на матичен по лексилиуми и дијазапами за годинава спремајте залихи :facepalm:
 
Нема да судам предвреме. Барем не сега, кога уште не знаеме ни кој ќе биде наследникот на Тито.
Само сакам да имаме тренер со ИМЕ, искусен стратег кој има историја зад себе, некој од типот на Капело, Фергусон, Хајнкенс, Кројф..

Лошо, многу лошо е тајмингот во кој се се случи. Ваквите работи(менување на тренери) треба да се случуваат уште во мај/јуни, а не сега кога сезоната веќе започнува. Сега, за жал, новиот тренер кој ќе дојде, нема да има СВОЈ тим, туку ќе работи со веќе готов тим: Роура, Руби и другите од стручниот штаб. Од тие причини, Луис Енрике би бил најдобра опција, работеше овде, веројатно најмногу ги познава овие личности(ако воопшто ги познава).
Не сакам да кобам, ниту да бидам патетичен, ама не сум оптимист за наредната сезона. Такви промени на самиот почеток на сезоната, не водат кон ништо добро.
Останува уште еден месец од трансфер-периодот, а нашите треба допрва да донесат централен дефанзивец, кој треба да биде една од главните алки наредната сезона.
 
Ај вака да ви кажам од моја гледна точка како стојат работите... Искрено и не е се така црно. Напред се појачавме многу со доаѓањето на Нејмар, значи дека нема се да се чека од Меси и дека кога 2-3 јца ќе стојат на Меси голема слобода ќе има Нејмар и ќе може да шиба голови. Одбраната мора да се појача, Тијаго Силва ако се земе ќе биде парче правење, али како и да е мора еден испробан и квалитетен да се земе на таа позиција. Кога сме кај Луис Енрике, може да биде добар тренер за Барса, тоа во Рома не смее да го мешате пошто он проба да ја игра играта на Барса а во тим место Чави, Иниеста и Меси беа Таксидис, Брендли и такви срања... Овој другиов Тата Мата:D можеби ќе биде добар. Не го знаеме, не може да се каже и да се нападне така. Па и Пеп немаше искуство, можеби ќе има авторитет и идеја... Другото и не е се така црно, нападто е топ, средината не е лоша, само одбраната мора да се појача... Чави е постар и паѓа од форма ама рачунајте Иниеста нема да игра сега крилен напаѓач туку средина, така да и Фабрегас е тука кој исто така би требало да игра средина и Маскерано, Бускетс, Сонг... Што значи има играчи само треба тренер што ќе ги ротира... Мислам дека другата сезона ќе бидеме добри, посебно што играчите ќе бидат помотивирани, ќе даваат се од себе. Само што треба е добар тренер, авторитетен, и добар мотиватор, заедно со уште еден испробан и добар централен бек.
 
Некако имам добро претчувство за Герардо Мартино , барем да има некаква измена во играта на Барса , разновидност . Добро е што Роура не го ставија :eek:
 
Побрзале да го едитираат неговиот профил на википедиа - He resigned as head coach of Newell's in July 2013 and replace Tito Vilanova in FC Barcelona.

Некоја легенда е на клубот од Росарио, чии што стадион го носи името Марсело Бјелса :)
 
Ако е искрен нека ви признае Zedd што мисли за Хејнкес... Сите го посакувате, само најјакиот фан на Барса Zedd мисли дека е слаб тренер
 
Гледам тука некои се жалите дека ептен лошо што вака касно ќе добиете нов тренер.

Како навивач на Челзи можам да ви кажам дека нема потреба за паника, барем не поради тоа. Ако тренерот и играчите се добри тогаш треба да се очекува успех. Е сега ако евентуално нема некаков успех новиов тренер фактот што дошол на два месеца пред почеток на сезона воопшто не е оправдување.
 
Гледам тука некои се жалите дека ептен лошо што вака касно ќе добиете нов тренер.

Како навивач на Челзи можам да ви кажам дека нема потреба за паника, барем не поради тоа. Ако тренерот и играчите се добри тогаш треба да се очекува успех. Е сега ако евентуално нема некаков успех новиов тренер фактот што дошол на два месеца пред почеток на сезона воопшто не е оправдување.

Како ги израчуна бе два месеца? Првиот натпревар во Ла Лига е на 18 август.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom