Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Прес конференцијата е закажана за 13:30.

Розел, Зуби и Пеп ќе излезат заедно да соопштат што решил Пеп.

Со оглед дека по соопштувањетно на одлуката на играчите немало никаква реакција од нив може да се смета 99.9% сигурно, како што рече Guillem Balague, дека Пеп си оди и тоа дека нема да прифати друга работа барем една година.

Сакам да почекам официјално да биде пред да почнам да зборам за негова замена ама ако е точно тоа што го пишуваат Спорт и Ел Мундо дека Валверде е фаворит да преземе можам да кажам само едно... наебавме!
 
Едно мое гледање на дискусијата Мур - Пеп.
Мурињо што е добар добар е, има многу гнасни работи но тоа е што е ако носи успех што да збореме сите ќе го паметеме дека има успеси.
Пеп дали би се снашол со друг тим, Точно дека нема водено друг тим, можеби од наредната ќе води друг , па отом потом.
Е сега во каков тим ќе оди , да го прави од нула или со квалитетни играчи како што имаше Мур.
Дуелот Пеп-Мур во меѓусебни дуели колку што знам Пеп е поуспешен, па од тука кој е појак???
Мур ќе го паметат дека освоил во повеќе првенства но дека го кркал од Пеп. Мур на почетокот ако направи нешто и тоа е неговиот успех, потоа сите го прочитуваат неговите игри и притисоци и толку од него. Тоа што успеал да освои во неколку првенства трофеи секоја чест, но зошто не останал повеќе???. И ајде сега поради тоа Фегусон е гола вода поради ова.
Пепа и ја би сакал да се испроба во друг тим па да видиме што ќе направи, би било интересно.
И крај краева ако со Рела Мур оди секоја година по еден трофеј на пример не гледам зошто би го величеле толку кога и без него Реал си зимаше по нешто така да.
Да ги стават двајцата во некоја втора лига и фергусон и сите добри што ги мислиме и да видиме до кај ќе идат за едно 5-6 гофини.
А до тогаш добра работа е овој форумот ќе тркаламе топка.
 
Пеп не разочара сите :(
Колку само бевме сигурни дека ќе остане, барем да си отидеше лани како подник, а не сега вака ем си оди после сезона што ќе освои само еден пехар (се надевам на купот) ем нас не остава на цедило. Веќе 99% е сигурно неговото заминување барем така шпекулираат сите медиуми во Шпанија. За негов наследник го сакам Вилаш Боаш, млад тренер со не многу искуство но сигурно по неуспехот во Челзи ќе сака да се докаже во друг голем клуб, а кај на друго место ако не во Барса со овие перфектни играчи.
 
Потврдено е, си оди Mister...

Презаситеност од фудбал, најверојатно ќе паузира една година, па потоа би сакал да го видам пак на кормилото на Барселона:D

Е сега, како ќе одигра Росел и кој ќе биде замена за Пеп ќе видиме. Тешки одлуки мора да донесе.
 
Со среќа нека му е на Пеп кај и да оди ... ви препорачувам да гледате ТОПКИ на алфа во 21:00 часот .. ќе имало детална анализа за пеп ... тоа го напиша филе на својот фб профил .. а еве го и целиот пост ..
Во недела во ТОПКИ во 21 часот на АЛФА, погледнете го прилогот за неговото заминување. ЗОШТО ПЕП ЗАМИНУВА? Нешто што нема да можете да го прочитате по весници, да го видите низ интернет порталите или преку ТВ. Нешто што неколкупати „срамежливо„ напишаа и Спорт и Ел Мундо, а МАРКА малку подиректна. ТОПКИ најпрецизно, за разлика од оние кои „балансираат„ и на некој начин си ги штитат своите репрезентативци и атмосферата на Дел Боске. Вистинската слика од последните месеци во соблекувалната на светскиот шампион. Информации кои досега никој јавно не ги презентираше, сочувувајќи ја позитивната атмосфера. Но, не е се така како што изгледа.
 
koj i da stigne ne ocekuvajte narednata godina tituli,barem takvo e moeto mislenje
inaku nekoj pogore spomna deka go sakal boas :) :):D
 
Сакам Биелса да биде замената...

Имаше изјави од Кројф дека веќе се знае наследникот на Пеп уште пред една година. Се надевам дека Пеп го советувал Росел убаво кој да одбере. Ама можно е и да не изненадат, па да стават некој кој најмалце очекуваме.
 
Еве после подолго време и јас да коментирам..
Жал ми е што си оди Пеп но сигурно веќе нема идеи како да го води тимот..
му благодарам за се што направи на великанот, за 4 години успеа да го достигне врвот како еден од најдобрите тренери во историјата на Барса, не треба да плукаме по неговата одлука.. и се надевам еден ден ќе биде повторно на кормилото на Барса..
редот му е на Росел да донесе добра алтернатива за него ... јас би сакал да биде тоа Рајкард но тоа е моја невозможна желба :)
 
ШОКАНТНА ИНФОРМАЦИЈА КОЈА ЈИКОЈ НЕ ЈА ПОТВРДУВА А ЌЕ СЕ ЗНАЕ ЗА 40 МИНУТИ!!!!! Пеп можеби ќе замине веднаш по натпреварот со Рајо. Тито Виланова ќе ја води екипата до крајот на сезоната?????? Информација која излегува сега од извори блиски до Росељ. !?!?!?!?!? Неверојатно... но, но...ќе мора да се причека на потврда.
Извор:Топки Филе
 
ШОКАНТНА ИНФОРМАЦИЈА КОЈА ЈИКОЈ НЕ ЈА ПОТВРДУВА А ЌЕ СЕ ЗНАЕ ЗА 40 МИНУТИ!!!!! Пеп можеби ќе замине веднаш по натпреварот со Рајо. Тито Виланова ќе ја води екипата до крајот на сезоната?????? Информација која излегува сега од извори блиски до Росељ. !?!?!?!?!? Неверојатно... но, но...ќе мора да се причека на потврда.
Извор:Топки Филе
ova ke bide najgolemata glupost od strana na pep ako e tocno
 
Од кај знаеш дека Пеп ќе ја наметне оваа филозофија и во Челзи??? Можда ќе игра катанаџо со Интер?? Тука не се разбираме ние. Вие мислите дека Пеп ќе продолжи да форсира со истиот систем кај и да оди. Јас пак сум убеден дека нема да биде така, затоа што е премногу паметен за да го прави тоа.

Гвардиола го правеше тоа што е најдобро за Барселона. Го искористи на најдобар можен начин целиот потенцијал на овој тим. Ја освои Ла лига 3 пати, лгш 2 пати, 2 пати светски првак со Барселона.

Тоа не значи дека ќе продолжи со истото во друг клуб. Будала е да го прави тоа, кога веќе има се што му треба во Барселона за да го прави тоа успешно.
Би можел да успее во клуб кај што има до некаде слична игра на Барселона. Тука подразбирам на таква офанзива итн итн. Ама Интер на пример не. Тој би можел секаде ама ќе му треба многу време дури да го склопи тимот. Ќе треба одново да прави костур според неговите желби и замисли. Затоа ако оди во друг клуб треба внимателно да го одбери клубот. Пошто во Челзи на пример нема да го има тоа време. Или инстант резултати или клоца. Веројатно истото ќе биди во Интер. Пеп не е тренер кој ќе игра дефанзивно и ќе се брани цело време да се разбериме. Едноставно не го личи. Човекот пораснал во таква средина на Барселона а еве и како тренер водеше таква екипа.
 
Толку.
Gracias Pep!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom