Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
^
The goals were dedicated to the daughter of his cousin. :smir:

Инаку ќерката на неговиот братучед се вика Валентина, па у превод би било, Се за Вален(тина) или нешто слично.:smir:
 
Прво полувреме очајна игра, одбраната неколку пати киксираше, Иниеста го немаше никаде, а Бојан и Педро не можеа да се снајдат во нападот.

Сепак второ полувреме сосема поинаква слика, одличен пресинг, потечни акции, а мора да се каже и дека Анри внесе живост.

Мора да го потенцирам моментот при шансата на Жигич, затоа што оваа година се примени неколку пати голови од идентична ситуација, така што мора да се работи на тој сегмент.
 
Меси 3 Валенсија 0 :tv:

Честито нека ни е победава момци. Натпреварот неможам да го искоментирам затоа што не бев во можност да го гледам, но од тоа што го видов во хајлајтсите можам само да кажам дека Меси по којзнае кој пат ја покажа својата класа и големина а Анри внесе и те како инспирација и живост во играта во 2 полувреме. Овие 2 негови асистенции би требало да бидат доволен репер за да започне од 1-та минута против Штудгарт.

За тие што како мене не го гледале натпреварот еве им видео со хајлајтсите и головите....

п.с Валдес 4:17 :vozbud:
 
Уф колку катастрофално го изигравме првото полувреме. Добро е што не примивме гол. Пиќе на неколку наврати беше феноменален.
За Максвел, колку и да се трути сепак Абидал дефинитвно ни фалеше и на овој натпревар. Чави и Иниеста во првото полувреме беа одлично покриени, скоро да не се ни видоа. Бојан исто многу слаб натпревар изигра, се осети разлика веднаш кога влезе Анри на негово место.
Во второто полувреме партија од ланската година, со додавања, акции, тоа што го чекаме од Барса. Само ми остана во мисла акцијата кога (мислам дека беше Жигич) излезе некој од Валенсија сам пред голот (фала му на Викецот што одбрани), оваа година на неколку пати ни прават вакви финти и постојано паѓаме на нив, мора да се внимава на тие излети.
И ..... ГОСПОДИН ГОСПОДИН Меси :) Него нема потреба да го коментираме, доволно е само да гледаме и да уживаме. :)

VISCA EL BARCA!!!
 
Прво полувреме очајна игра, одбраната неколку пати киксираше, Иниеста го немаше никаде, а Бојан и Педро не можеа да се снајдат во нападот.

Сепак второ полувреме сосема поинаква слика, одличен пресинг, потечни акции, а мора да се каже и дека Анри внесе живост.

Мора да го потенцирам моментот при шансата на Жигич, затоа што оваа година се примени неколку пати голови од идентична ситуација, така што мора да се работи на тој сегмент.

Да да на тоа стварно мора да се работи. Цело време сакаат да наместат офсајд замка и цело време се зезнуваат така. Ако го дадеше Жигиќ тоа не верувам дека ќе тепавме после. Ама Викацов ми е чудо некое - на моменти прима голови од центар, после ќе одбрани некоја ваква топка како оваа на Жигиќ:):vozbud:

За две дена Штутгарт. Дечките играа уште во петокот против Шалке, незнам со кој состав ама претпоставувам дека баш и не играла прва постава. Сега ќе мораме да обрнеме на внимание на Какау оти дечкото на првата утакмица посебно во првото полувреме не изврте за сите пари и за кусурот:toe:. Ако дадеме рано гол до кај 20та минута како Арсенал мислам дека после без проблем ќе ги наполниме до врв Штутгарт:)
 
Еј sorry, сум го пишал истото и јас без да видам дека веќе е пишано.
 
Белив ит ор нот
Речиси со ист состав како со нас играа. Највече двајца шо не играа со нас беа во првиот состав, ама важно со Шалке играа и Какау и Хлеб и сите подобри поединци.
Како и да е, треба да го јадат во среда.:helou:
 
mnogu pofalni zborovi za igrata vo 2 poluvreme
sega fale uste i krojf da ja pofale igrata protiv valensija
 
Не верувам дека ќе не пофали...и така е...сеуште не сме на минатогодишното ниво :smir:
 
Сега Пеп и момците треба да се концентрираат само на Штудгарт, а во недела ни претстои делумно лесно гостување на Сарагоса.
 
Kolku se odprilika kartite na Camp Nou da ne znae nekoj u najgornite redoj od prilika ama ne bi bilo loso i od sekoj sektor posebno kolku se cenite da mi kazete:salut:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom