Се шпекулира дека Силва би преминал летово овде, колку од ова е вистина, незнам... и дека сите кандидати за претседател (скоро сите) го ветуваат Цеск како ново засилување и продолжување на договорот на Пеп. Е сеа мислам дека Лапорта сака да го ангажира Цеск пред да го напушти претседателското место, т.е. да го договори трансферот со управата на Арсенал. Што ќе излезе од целото тоа ќе видиме.
А за Хамшик... мислам дека е шпекулација, но добро би ни дошол играч на негова позиција, зошто таму ги имаме најдобрите на свет, но немаме адекватна (ако може да се има воопшто таква замена за Чави и Иниеста) за тие позиции... но сега се отвара прашањето, што би се случило ако Цеск дојде... многу поверојатна опција ми е Цеск отколку Хамшик.
И како одминуваат деновите, се повеќе се разгорува битката за претседателското место и се повеќе мислам дека Фабрегас ќе дојде во Барселона. Изјавата на Хил-Вуд незначи ништо, само потег за да се оттргнат очите на новинарите од таа тема и да не се создава голем притисок врз Арсенал. Како и да е, само времето ќе покаже дали сме во право или не.