Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да сумираме...

Ла Лига, Копа дел Реј, Лига на Шампиони, Шпански супер Куп, Европски Супер Куп, Светско првенство за клубови...:vozbud::vozbud:

Меси - најдобриот играч на планетата
Чави - Најдобриот плејмејкер на планетата
Меси, Ето, Анри - триото кое постигна 100 гола во сите натпреварувања минатата сезона.

Солидно нели....:vozbud::vozbud:
 
Ajde da slavime....da vreme e za slavenje...nikoj nikogas ne go dostignal ovaa sto nie go dostignavme...
 
Најдобрииииии!!!!!!
Освоивме се што е Возможно за една Година. Игравме најдобар фудбал, Стигнавме до целта што никој не стигнал.

Немам што посебно да кажам за Тимот кој е Прекрасно и Брилиантно добар.
Пеп - Неможеше да издржи да ги скрие Чуствата, стварно се наежив кога го видов како Плаче.
Играчите - Го оставија Срцето на Теренот направија се за да го остварат Сонот кој навистина се Оствари.

Честитам 6 Титули освојани со Вистинска Фудбалска Игра, со Храброст, со Срце.

Поздрав до Сите Фанови на Барселона.:smir: Поздрав и до Фановите на Манчестер кој се единствени што добро се Сложуваат и Честитаат на Нас.
 
Заслужено стигнавте до овде и го освоивте најсаканото !!:smir: Честитки свака вам част... ! !:smir::smir:
 
Беше интересен и тежок натпревар, малце фалеше оваа титула да избега, но сепак екипата даде се од себе и заслужено израмни. Браво за Педро, мислам дека заслужено добива повеќе минутажа од Бојан, иако се надевам дека и овој ќе се развие во одличен играч.

Дани Алвеш уште еднаш покажа дека доволно е еднаш да нафрли како што треба и со тоа да го реши победникот.

Одлична игра и на Џефрен, има потенцијал да стане многу опасно крило.

Сега мал одмор и да се продолжи со оваа игра која ќе донесе нови титули.
 
Откако влезе Џефрен во игра сфатив нешто. Барса има неверојатна иднина. Џефрен, Педро, Меси, Иниеста, Пике, Бускетс (верувам дека ќе ги поправи грешките од сезонава). И тоа се само оние кои што најмногу добиваат шанса од Пеп. Да не зборуваме за младинците, од кои што очекувам барем уште 2-3 да испаднат одличлни фудбалери. едноставно нема да мораме да трошиме пари на фудбалери и да прајме Галактикоси, Звезденоси и слични срања.
Си ја имаме нашата школа и повеќе не ни треба:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
VISCA EL BARCA:zver::pehar::pehar:
 
Запамететe го ова што ќе ви го напишам, нешто што ќе стои во виртуелната меморија и ќе го читаат оние за кои ќе зборувам.

А тие Оние се некои кои после десетици, можеби стотина години ќе ни љубоморат што имавме привилегија да сме живи во ова време на пишување на фудбалската историја, на успех на Барса кој никој клуб во светот досега не успеал да го направи, а ретко кој ќе може да го повтори, наредниве декади барем.

Честитки за сите, од Каталонија до Македонија.

НЕВЕРОЈАТНО. Ни збор повеќе. То ест, уште два: СОСЕМА ЗАСЛУЖЕНО!

Visca el Barca!
 
епа здраво на свите нов сум на форумов а воедно сум и голем фан на барса нека ние честита победата и новата титула
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom