Како што известува аргентинскиот медиум Ole, новиот телохранител на
Лео Меси е еден од најпознатите хулигани и криминалци во Аргентина. Типот се осмничи и за убиство.
Новинарите на една од фотографиите на Меси го препознале
Ариел Пуглисе, огромен мускулест тип со надимак Крв. Ова не е нешто посебно страшно ако не се знае дека Ариел е
еден од водачите на навивачката група Лос Пералес де Ноува Чикаго која е поврзана со аргентинското подземје.
Исто факт е и дека полицијата има и досје за него во кое тој се осомничи за убиство на Марсел Цејас кој бил дел од противничката навивачка група Тигрес. Тој бил убиен после некој натпревар во 2007-та година.
Исто доста интересен е фактот што поради бројните криминални дејствија меѓу кои имало и пукања, Крв, е неколку пати погоден, а
сите куршуми не се извадени од неговото тело, па тоа би можело да му претставува проблем кога би минеле покрај царинските контроли.