Види вака...
Не земаме пример од никој, тоа што го прави Реал го прави за нивниот тим и тоа е тоа. Ние си имаме школа, ама мора да разберете дека неможе да се игра само со играчи од школата. Мора да се донесат и некои засилувања. Незначи дека ако купиме еден играч од светска класа и за него искешираме 50-60 милиони, стануваме како Реал Мадрид или Сити.
Бојан ѕвер?? Па дечкото игра само на празници, не сака Пеп да го пушти затоа што не сака да го расипе играчот.
Педро... дава голови кога е најмногу потребно, но потоа игра 3 никакви партии, го нема на теренот. И на претходниот натпревар ако не беше тој голот што го даде, ќе беше потпросечен натпревар за него. Зошто мислиш дека токму Педро и Бојан би можеле да го носат тимот на грб доколку дојде до тоа?
За Виља ова е чиста шпекулација и станува збор за централен напаѓач. Нема теоретски шанси да игра крило. За тоа лево крило или Рибери или Силва летово. Пеп сака играч на таа позиција, не го сака Педро таму, туку сака некој подобар од него.