Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.


Што бара Анри на Емирати, сега го видов на натпреварот Арсенал-Блакбурн, чув и некои шпекулации дека ќе се вратил во Арсенал...:nesum:
Што бара Анри на Емирати, сега го видов на натпреварот Арсенал-Блакбурн, чув и некои шпекулации дека ќе се вратил во Арсенал...:nesum:

ti ja gledase barsa vcera ili samo taka tropas kako prazna kanta
Добро бе луѓе имаме скор од 6-0-0 а вие ми зборите за некаква слаба игра???
А со оваа победа го изедначивме нашиот рекорд од 6 победи на стартот на сезоната.До сега 3 пати не успевала Барселона да победи на 7мата утакмица да се надеваме ќе победиме со Валенсија и уште еден срушен рекорд на клубот![]()
Братче неможе сите утакмици да ги изигра Барса перфектно.Вчера не ни идеше послабо игравме од вообичаено и треба да бидеме задоволни што победивме и со таква слаба игра.Па што ако имаме 6-0-0?
Тоа не го менува фактот дека вчера бевме потполно сопрени да ја играме нашата игра.
Имавме шанси што не ги искористивме ама и они имаа шанси. Да не беше потегот на Педро не верувам дека ќе победевме.
Ињеста и Чави беа маркирани надвор од игра и имаа мало влијание. Меси се повлече поназад за да помогне во креирањето, ама не помогна многу, Алвес исто ништо не направи во креирањето, а Ибра имаше навистина лоша утакмица.
Затоа и Пеп стоеше цело време и немо гледаше. Свесен беше дека ако игра Барса вака против посилен тим нема да биде толку лесно да се победи.
Имаше вчера доста тактички експериментирања од страна на Пеп што уште повеќе ја ограничи Барса.
Маркез имаше задача да започнува акции како што има и секогаш ама Алвес очигледно имаше наредба да седи почесто назад за да му се дозволи и на Максвел да оди назад што доста ја ограничи улогата на Дани.
Меси очигледно беше преморен и не можеше да ја преземе улогата на Чави и Ињеста кога овие беа буквално извадени од игра од Алмерија.
Можеби да играа Анри и Абидал ќе беше друга приказна. Абидал ќе му овозможеше на Алвес да игра нормално, а со оглед колку малку значење му даваше одбраната на Алмерија на Педро ако Анри играше таму ќе ги уништеше.
Сепак Анри е далеку подобар од Педро и претставува многу поголема закана.
Сега на ред е Валенсија за две недели. Ќе биде тоа тешка утакмица ама ако ја добиеме ќе бидеме во многу поволна ситуација да го преземеме водството во Ла Лига.