Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата LaVista
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде нека му е среќен роденденот на моментално најдобриот лев бек во светот Ерик Абидал, му посакувам уште многу успеси во дресот на Барса.:smir:
 
Баш и не е најдобар лев бек на светот, али во својата трета сезона во Барселона конечно почна да се вклопува како што треба и да ја разбира концепцијата на Пеп. Добро е што сега има и конкуренција во Максвел и тоа прави да работи уште понапорно за да си го задржи првотимскиот статус. Се на се, солиден лев бек е.

Нека му е среќен роденденот.

И ајде нека дојде утре, сакам да го видам Иниеста на теренот со топката:vozbud:
 
Колку само ми е жал за Милито,каков играч беше..

Меси мора да се одмара,сепак сакам против Интер да настапиме со најдобриот состав,Иниеста се надевам дека ќе биде во најдобра форма

П.С.Среќен роденден на Абидал:smir:
 
----------------------Валдес----------------------
---Пујол---------Пике---------Чиги------Абидал--
----------Чави---------Туре---------Бускетс-----
----------Педро--------Ибра----------Бојан-------

Очекувам да бидат одморени некои првотимци за Хетафе.

А против Интер би требало да изгледаме вака некако:


------------------------Валдес----------------------
--Алвес--------Пујол------------Пике------Абидал--
-------------Чави-------Туре-----------Иниеста-----
-------------Меси-------Ибра-----------Анри--------
:vozbud:
 
Конечно после 3 ипол месеци Иниеста повторно ќе биде на теренот, ништо чудно Пеп да го стави и во првите 11:vozbud:, сепак мислам дека доволно ќе му бидат 30 минути да помине на теренот во 2 полувреме а во среда против Интер да го одигра цел натпревар, нормално ако има потреба од тоа.

Него ме плашат двата порази на Аргентина, да не влијаат демотивирачки за Меси, концентрацијата да не му биде на друго место на натпреварите што следуваат, (Гетафе, Интер, Атлетико Мадрид). Со Гетафе може и нема да игра ама со Интер мора и треба да биде во полн сјај.:smir:
 
Аргентина е едно Барселона е друго... тој е професионалец и мора да си ги извршува задачите на највисоко ниво. Впрочем за тоа е и платен. И сите знаеме дека Меси посебно блеска на големите натпревари. Затоа не сум загрижен.
 
Абе факт е дека Барса е едно а Аргентина е друго но психата е опасна работа:), некогаш може многу деструктивно да се одрази и да влијае врз личноста, без разлика за каков професионалец станува збор, но некогаш може и многу продуктивно да влијае, се надевам дека во случајов ќе влијае продуктивно а Интер ќе биде неговата прва мета.:vozbud:

За утрешниот натпревар очекувам да излеземе со следниов состав:

----------------------------Виќец-------------------------

-Пујол--------Пиќе----------------Чиги--------Абидал-

---------Чави--------------Туре------------Кеита---------

----------Педро------------Ибра----------Бојан----------
 
Тешко на нас ако излеземе со тој. Гетафе не е ни најмалце наивна екипа, и не треба да ја ставаме во ранкот на Спортинг. Утре очекувам Пеп да излезе со најдобриот состав. Анри Меси и Иниеста мора да бидат во првите 11.
 
И јас сум за тоа да испаднеме со нешто послаб состав, ама не да се одмара цел прв состав. Сепак немора сите мисли да ни бидат насочени кон Интер. Треба и на Шпанската Лига да се мисли, несмееме да им дозволиме на Реал да ни побегнат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom