Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
’Тиери го мачи разводот од Клер и тоа најдобро се гледа на теренот’, откри долгогодишниот пријател на Анри и поранешен соиграч, Роберт Пирес. Анри треба на поранешната сопруга да и исплати рекордна брачна отштета.
Еден од најдобрите пријатели на Тиери Анри од репрезентацијата и од Арсенал се обиде да ги објасни слабите игри во дресот на Барселона. Роберт Пирес мисли дека славниот играч пати поради неодамнешниот развод.
30-годишниот напаѓач неодамна се разведе од три години помладата Клер Мери откако четири години беше во брак со неа. Напаѓачот на Барселона и манекенката имаат двегодишна ќерка Теа, а се претпоставува дека голем дел од неговото богатство проценето на 37 милиони евра ќе и припадне на сега веќе поранешната сопруга.
Двојката за време на бракот живееше во 8.8 милиони евра вреден стан во северен Лондон, а големите пари кои ги заработи на теренот, Тиери нема да ги задржи за себе. Французинот на сопругата ќе и го даде најголемиот износ кој било кога некој фудбалер го исплатил заради развод.
„Многу добро го знам Тиери. Моментално поминува низ многу тежок период од животот, но уверен сум дека набрзо пак ќе биде оној стариот“, додаде Пирес.Анри летово пристигна во Барселона од Арсенал за 24 милиони евра отштета и се уште се нема запишано меѓу стрелците во шпанското првенство. Можеби голот против Лион во првото коло од Лигата на шампионите е знак дека големиот голгетер се враќа во старата форма.
 
Одлично против Лион не мрднаа.Нешто Рони незадоволен
 
Очекувам 3бода со Севиља. Рони е незадоволен на неговата игра, а не на клубот или поединци од клубот/навивачи.
 
Можно е Кројф да се врати како тренер на Барса ...


- барем според ова


тоа би биуло супер, ама извор ти е трибал така да, не верувам, а и нема цитат од никого:toe:

а за роналдињо, денес сите очекуваат нешто од него, ќе се следи секој негов потег, мора да игра перфектно (ако не сака да седи на клупа) така да сигурни се три бода
рајкард со ова што го вадеше во 60 и некоја минута мислам дека сака само да го испровоцира да игра на негово ниво, така рече и на прес, дека после ова роналдињо мора некако да изреагира, со бес, агресија било како...
а супер би било ако вечер го истури бесот на севиља:vozbud:
 
Роналдињо се повредил на последниот тренинг, и нема да игра со Севиља.
 
Роналдињо се повредил на последниот тренинг, и нема да игра со Севиља.

Сака да му кажи на рајкард дека тој е главниот и нема да можи без него. :)

Еј дај кажи од кај ти е ова вест и колку е сериозно.
 
Сака да му кажи на рајкард дека тој е главниот и нема да можи без него. :)

Еј дај кажи од кај ти е ова вест и колку е сериозно.

веста е насекаде по шпанските сајтови и весници, контрактура на левата нога (не знам точно на што) и мислам дека не е мнг сериозно зошто пишуваше дека деновиве ќе се одлучи дали ќе игра на наредната утакмица

ајде, ајде, ја мислам дека можеме и без него, ќе се снајдеме, џовани, гудјонсен, иниеста-стартер...ќе склопи нешто рајкард, ако не знае што го чека!
 
Jeee pobedivme 2-1 (malku zaspaja na kraj)

Ama pak loso igraja. Osobeno ANRI - neznam so nego so kje se praj slabo se vklopva vo timot.
 
Barcelona-Sevilla 2-1

Сите голови паднаа во второто полувреме, 1-0 Меси, 2-0 Меси....3-1 Кануте 91'.
Првиот гол беше по одличната асистенција на Анри, кој погоди статива...вториот гол од пенал, пеналот беше направен над Џовани.
Одлична победа за подигање на самодовербата во тимот!

п.с Добро играше Анри...Инаку, а влезе Олегуер, одма гол се прима...
Немам никакви забелешки на фудбалерите, сите го дадоа максимумот...сепак беше тврк натпревар и толку беа можностите.
 
За новиот изглед на Ноу Камп управата на клубот ке одели 250мил евра...а веке аганжираниот архитект го дал својот план:
Stadium_Cross_section.jpg

Design-Report-22.jpg

Ова се само дел од сликите, а слајд шоуто од останатите слики можете да го погледнете тука

п.с Значи новиот изглед (од надвор) ке изгледа слично како оној на Баерн Минхен.
И највеке ме радува тоа што стадионот ке биде целосно покриен...а и башка кажано од архитектот е дека изградбата нема да смета при играњето на натпреварите.
 
оваа сезона МЕСИ има да гази нис Шпанско
 
Barcelona-Sevilla 2-1

Сите голови паднаа во второто полувреме, 1-0 Меси, 2-0 Меси....3-1 Кануте 91'.
Првиот гол беше по одличната асистенција на Анри, кој погоди статива...вториот гол од пенал, пеналот беше направен над Џовани.
Одлична победа за подигање на самодовербата во тимот!

п.с Добро играше Анри...Инаку, а влезе Олегуер, одма гол се прима...
Немам никакви забелешки на фудбалерите, сите го дадоа максимумот...сепак беше тврк натпревар и толку беа можностите.

како што видов Олегер го тргаше Кануте а за дрес а тој падна :helou:
 
Победа!!! Криво ми е Анри што не даде гол, ама тука е Меси ѕверот! :)


- ај утре Реал ќе се усерат! :)
 
меси е моментално најдобар само да не ви се повреди
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom