Milanez`
Tutta lα miα vitα...
- Член од
- 6 август 2007
- Мислења
- 14.467
- Поени од реакции
- 5.439
’Тиери го мачи разводот од Клер и тоа најдобро се гледа на теренот’, откри долгогодишниот пријател на Анри и поранешен соиграч, Роберт Пирес. Анри треба на поранешната сопруга да и исплати рекордна брачна отштета.
Еден од најдобрите пријатели на Тиери Анри од репрезентацијата и од Арсенал се обиде да ги објасни слабите игри во дресот на Барселона. Роберт Пирес мисли дека славниот играч пати поради неодамнешниот развод.
30-годишниот напаѓач неодамна се разведе од три години помладата Клер Мери откако четири години беше во брак со неа. Напаѓачот на Барселона и манекенката имаат двегодишна ќерка Теа, а се претпоставува дека голем дел од неговото богатство проценето на 37 милиони евра ќе и припадне на сега веќе поранешната сопруга.
Двојката за време на бракот живееше во 8.8 милиони евра вреден стан во северен Лондон, а големите пари кои ги заработи на теренот, Тиери нема да ги задржи за себе. Французинот на сопругата ќе и го даде најголемиот износ кој било кога некој фудбалер го исплатил заради развод.
„Многу добро го знам Тиери. Моментално поминува низ многу тежок период од животот, но уверен сум дека набрзо пак ќе биде оној стариот“, додаде Пирес.Анри летово пристигна во Барселона од Арсенал за 24 милиони евра отштета и се уште се нема запишано меѓу стрелците во шпанското првенство. Можеби голот против Лион во првото коло од Лигата на шампионите е знак дека големиот голгетер се враќа во старата форма.