ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
Во дефанзивните задачи е многу солиден и игра на константно ниво веќе година дена. Бразилец е и доста е млад. Е сега колку добар ќе се покаже против плејмејкерите и крилата на нашите конкуренти во ЛШ - немам поим. Не е баш ефтин ама барем е веќе аклиматизиран во Германија па нема да го маваат бедови по дома и такви глупости.
Луис Густаво дефинитивно е желба на Луис Ван Гал.
Да,Тимошчук е одличен деструктивец,и еден од подобрите на таа позиција,меѓутоа филозофијата на Ван Гал(а дефинитивно во таа насока оди и модерниот фудбал) е екипа без таков играч.
Тимо е одличен деструктивец,но само толку. Луис Густаво од друга страна мислам дека многу побрзо и поефективно ќе ја трансформира играта од дефанзива во напад.Плус е бразилец,особено брз и агилен играч,одличен во дуели,од тоа што го имам гледано.
Со Швајни Крос пред него како организатори ќе имаме одлична подршка за крилата и Гомез.Секако потребно е и цврста одбрана,и верувам дека ќе се донесе и централен дефанзивец!