M
Mario Gómez
Гостин
На HRT2 ќе ја има...:smir:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
На HRT2 ќе ја има...:smir:
Баерн имате на NOVA TV, хрватската, ако немате каде на друго место. Нова пренесува во вторник, HRT2 во среда.
Да се биде или не за Баерн во Лигата на Шампионите! Да го бодриме Баерн заедно и во овој досега најважен натпревар оваа сезона. Само победа го носи Баерн во осмина финалето, па ајде заедно да дојдеме до неа. Ајде да се собереме вечерва во 20.20 часот пред Irish Pub во Скопје на кеј и заедно да го бодриме нашиот тим да избори пласман во 1/8 Финалето од Лигата на Шампионите.
Дајте овој пат навистина да бидеме во голем број, бидејќи е навистина жално покрај толкавиот ангажман на одговорните да нема заинтересираност, а сите го сакаме Баерн.
Иако бевме први во Македонија кои регистрираа официјален фан клуб, иако бевме први во Македонија кои почнаа да организираат фан собири, иако бевме први во Македонија кои развивме еден квалитет сајт за информирање на нашиот тим, сепак фан собирите сега се сведуваат на само редовни 5,6 до максимум 7 луѓе.
Ајде освен со кажување да покажеме дека не има и дека го сакаме Баерн. На фан собирите немате некоја финансиска или било каква корист, целта е само навивање за нашиот омилен тим и што е најважно дружење.
Добриот помин е гарантиран, а доколку Баерн издвојува победа тогаш атмосферата станува уште подобра. Доживејте го и споделете го тоа учество со останатите фанови.
Ајде да им покажеме на фановите на Интер и на Манчестер Јунајтед, дека иако во моментов се собираат во поголем број од нас, дека не има и тоа во голем број.
Бидете вечерва во 20.20 пред Irish Pub на кеј па да навиваме за Баерн.
Повеќе информации и договарања тука.
извор