Секако дека е добра формацијава. Но, пак ќе се јават некои проблеми. Прво да се мисли на голман. Бут може да ја заврши сезонава ако е потребно, Ренсинг ќе оди во друг клуб во бундеслигата. Тука сега во игра се : Акинфеев, Манданда, Фреј или некое изненадување од одбраната.:wink:
Кога веќе почнавме да размислување за вгодина може да се зема јак штопер како што се Алекс или некој друг. За бек може Рафиња, но сепак не треба да се надева само на него, да се преговара со Босингва, оти одкога игра Ивановиќ за него нема место. За задњи везни играч, Ван Бомел ќе го бива уште наредната сезона а Тимо спорет мене треба и ќе се врати во Зенит. За среден организатор ќе биде Крос така нема потреба да се размислува за Мутињо. Тренер ќе си го земаме Хидинк, секако ако сака.:wink:
Ама да не испаднеме како Реал, секоја сезона смена на поголем дел од тимот, па да дојде до несогласувања на теренот. Играчите кој што ќе ги купиме зависат од тренерот. Се случува кога иде нов тренер да бара нови засилувања а старите играчи да ги остава на страна, тоа е лоша политика на клубот.
Секако сеа овој Ван Гал сака да не наполни со холанѓани како што беше Реал пред две години, со 6-7 холанѓани во еден тим. Тоа е лошо. :wink: