Фан Клуб: Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата ЧЕНТО
  • Време на започнување Време на започнување

.

  • .

    Гласови: 7 87,5%
  • .

    Гласови: 1 12,5%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе Брено се опорави од повредата? Нели нешто посериозно се повреди на крајов на сенонава во Нирнберг.

Добро прашање :toe: Штом сметаат на него - веројатно да или во најмала рака на пат е.

Леле ко ќе помислам дека ги имаме под договор вБајтен, Мичо, Бади и сега и Брено некако ме фаќа паника да не се решат сепак да не купуваат ништо со некоја луда идеја дека со Бади и Брено догодина крш ќе праиме... алоооооооо искуство мкора да се има позади... леле колку сме факинг блиску до правење на топ екипа што може да владее во Европа што просто ќе се фрлам од 12ти ако не го направат последниот факинг чекор... фака де фак мадафака...
 
И јас на моменти помислувам дека можно е такво нешто да се случи. Ама сепак, не ми се верува дека нема да земат ништо. Сега има едно големо затишје, ама се надевам дека следи бура.

--- надополнето ---

Иначе дечки, конечно ги собрав хајлајтсите од сите натпревари на Баерн сезонава. Од пријателски до ЛШ, буквално сите. Тоа е благодарение на блогот за Баерн, таму има ставено линкови за симнување. Цела колекција е 3 и нешто гигабајти, па ако некој сака, може да се договориме, да ми даде едно двд цд, и ќе му изрежам. Оваа сезона вреди да се има.
 
Еј ќе ти дадам екстерен ХД (само жити се глеј да ти е чист компјутерот за да не се напуни со вируси и тројанци) да ги префрлиме па после лесно ќе е. А ако ти е црвосано ПЦ-то тогаш ќе земеме ДВД :salut:
 
Нема галје брат, ни едно црвче нема во лаптопов, слободно може што сакаш да приклучиме.:salut:
 
Ќе се договориме. Полагам во понеделник па после имам некој ден да земам воздух па може да се седне на по едно ладно и баварско па ќе средиме :helou:
 
Штом е таква работава,тогаш спремам едно ДВД и ми го режеш нормално(во наредна прилика ако се собереме за германциве ти носам да ми режеш :icon_lol:)

--- надополнето ---

Нешто и за баскет се оштриме...

http://sportdenes.com/index.php?opt...-12-44&catid=13:2009-12-26-20-53-34&Itemid=16
 
Еј закон ај и за баскет да се собираме... Евро Лига ли како се вика тоа за Баскет натпреварувањето :pos2: Прво фајнл-фор ќе се гледа па ЛШ...

Инаку Хенес по 100ти пат изјави дека се бара бек - и сега беше поспецифичен и нагласи лев бек. За Тони никако да се најде клуб а наш не чини 10 милиони бруто годишно и има уште една година договор... :tapp: Какво горење пари би било ако остане само.
 
Во Билд тој процент беше 3-40% :toe: Дај бе нека го земе некој јас ако треба на точак ќе го однесам до кај треба и ни бакшиш не барам...
 
Си оди Тони во Џенова....Тоа е 99% сигурно.Вчера изјави дека не се враќа назад(а никој не го ни вика назад),такашто и за помалце пари ќе седи во Италија.

Мене ме интересираат нашите трансфер,ама очигледно тоа ќе биде дури после 11 Јули.Ќе се чека да помине Светското изгледа па да се реализираат трансферите!
 
^ Сигурно не се толку шлакнати да го чуваат, да му даваат пари и да игра некаде упм. Го даваат 100% не се секирајте. Јас можам само да му бидам благодарен за тоа што го даде за Баерн во првите две сезони од неговото доаѓање и да му посакам успех кај и да игра. Толку за Тони.
Е сега, за трансфериве, чим Хенес кажал дека бараат лев бек, сигурно ќе биде нешто. Мене искрено ме радува што ќе земаме лев, поради уиграноста на Лам со Робен, не сакав да го вратат Лам лево и да се растури таа уиграност. Сега би требало новиот со Рибс да се уигра како овие двајца и убитачни ќе бидеме. Со Контенто негова замена, за Лам може да комбинира со некој од Алтинтоп, Тимошчук, добро ќе испадне. Е сега за двајцата стопери, не знам што планираат, и тука мора нешто да се корегира, најмалку еден да се смени од дотичните, би играл на вБајтен, поради тоа што Мартин си ја врати старата форма.
Средината со Швајни и вБомел и Кроос како плејмејкер е супер, а за нападот Милер/Олиќ и обавезно Гомез да игра поконстантно в година. Ќе блесне, верувајте. Ако не и на Светсково уште.
 
Си оди Тони во Џенова....Тоа е 99% сигурно.Вчера изјави дека не се враќа назад(а никој не го ни вика назад),такашто и за помалце пари ќе седи во Италија.

Мене ме интересираат нашите трансфер,ама очигледно тоа ќе биде дури после 11 Јули.Ќе се чека да помине Светското изгледа па да се реализираат трансферите!

...Или во Наполи.Јас читав дека овие два тима се најзаинтересирани за него но спремни се да му дадат многу (ептен) помала плата во однос на таа што ја зима(ше) во Баерн.Ќе замине сигурно,но сеуште нема точна потврда каде.

--- надополнето ---

^ Е сега за двајцата стопери, не знам што планираат, и тука мора нешто да се корегира, најмалку еден да се смени од дотичните, би играл на вБајтен, поради тоа што Мартин си ја врати старата форма.
Средината со Швајни и вБомел и Кроос како плејмејкер е супер, а за нападот Милер/Олиќ и обавезно Гомез да игра поконстантно в година. Ќе блесне, верувајте. Ако не и на Светсково уште.
Јас ни Ван Бајтен не би го тргнала.Не знам што ми стана деновиве ,ама констатирав дека на одбраната ништо не и фали (најмногу заради одличната форма на Мартин).:pipi:
Јас повеќе сакам да се смени нападот (Клосе да замине засекогаш за да игра Гомез кој 100% ќе распали кај и да е),а Милер на позајмица би го пратила. Најпосле,ако имаме убиствен напад (кој сега го неаме) ќе се покријат и евентуалните грешки на одбраната.
 
Милер на позајмица би го пратила? Фрос си зема апчиња сабајлево?
 
Не бе каква позајмица на Милер, детено златен потенцијал има во него, не би ме чудело мене утре другиден Реал да рипнат со некоја висока понуда за него.
Пак ќе кажам, неговата ПРВА професионална сезона на свои 19/20 години ја изигра перфектно. Сеа да видиме на Светсково како ќе се покажи.
 
Ако по утрото се познава денот... :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom