Матиас Самер експлодираше на денешната прес-конференција:
Кога ги читав вестите за Видал, се шокирав! Од каде ви истекнуваат такви глупости? Разговаравме и со менаџерот на Видал и со Видал за сето она што беше објавено во медиумите. Ова е апсолутна лага. Артуро ниту доаѓаше на тренинг во алхохолизирана состојба нити пак нешто такво имал на ум да направи. Сето тоа е една обична медиумска лага. Пишувавте дека сме сакале да го продадеме Бенатиа.Па тоа е уште поголема глупост напишана од вас и уште поголема лага измислена од некој што нема што да прави. Никогаш ама баш никогаш не сме размислувале да го продадеме Бенатиа, но да речеме дека сме се одлучиле за тоа, дали постои толку глупав клуб на светот што би купил повреден играч? Дали вие доколку би имале клуб би биле толку глупави да го купите? Според мене едно големо НЕ.
Од друга страна читам, Гвардиола ова, Гвардиола она, Гвардиола се дере на играчи, Гвардиола напред, Гвардиола лево,десно. Имам едно искрено прашање до вас: вие одите секој ден на работа за да работите. Дали вие секој ден ама баш секој ден перфектен и рајски? Не ви е? Па нормално дека не ви е, кажете ми само еден човек на кој му е, И ако е Пеп незадоволен од играчите после утакмицата во Хамбург и се дере на нив, тоа е негово право дури и јас тоа го посакувам од секој тренер и стојам 100% зад ова што сум го рекол. Тоа е нешто нормално поготово во фудбалот.
Вие медиумите објавивте кампања па дури и можам да речам војна против Баерн, и гледате на секој можен начин да не „ослабнете“ и да ја направите лигата поинтересна, да биде се под конец. НЕМА ДА УСПЕЕТЕ во замислата! Јас тоа ви го гарантирам со двете раце што ги имам и ви кажувам дека нема да успеете во тоа. Јас секогаш ќе стојам пред вас. Со ова што го правите не правите уште посилни, не заборавајте го тоа!! Артур и неговиот менаџер соодветно како што налага законот ќе се „пресметаат“ со вас, бидете сигурни!“