Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
А чекај на тебе ти е ОК Алаба да игра централен бек?

Плус ја на овој фан клуб не сум прочитал некој да играл слабо, а да сме рекле дека е заради Пеп... :oops:

Шо знам, баш ми е кул :cool:

Не значи дека ќе игра како централен, ќе оди и понапред во текот на наптреварот, а Алонсо ќе се враќа поназад. Во текот на наптреварот нон стоп ќе си ги менуваат позициите, и Швајнштајгер ќе го видиш вратен назад и свашта ќе видиме :D
 
Епа баш ради ова сето што го напиша и со кое се слагам кога ќе се паднеме со некој од Реал/Барса ќе го јадеме немиен
 
^Тоа не ни бега..И тигарот Ефенберг изјавил дека со ваква поставеност ништо не прават,ама ај да видиме баш уште на првиов натпревар што како.

Ај да видиме Чаби како ќе игра,одморот таман на време му дојде.Без него многу подобро изиграа.

Лева изигра добри утакмици со Шахтар ,според мене требаше да стартува,иако игра за Баерн т.е друга екипа.
 
Ај сеа нека го вади Рибери нека го стаи Лева и нека го стаи Бадштубер нека го вади Алонсо и жолт има плус....

Добро е ги измори,ај сеа доста кур си играат више.
 

Жими се курот си игра,му ја знаат сите форава више....Држи посед прво полувреме дур овие праат пресинг,ги уморува и после втора ги пикаме у шеснаесетник...

Си СИТЕ инфериорни екипи ова го игра увек...Амааа неможат овие играчи ова,неможат и посед перфектна и шанси,немаме Иниеста немаме Чави..

Дур не се вратат Лам и Тиаго ова вака ќе изгледа.
 
Швајнштајгер,играч со недефинирана позиција.Апсолутно најслабиот играч во цел тим.Ништо подобар од Хојбјерг кој е детиште се уште.Чисто на слава и име игра,во фул состав никако не смее да биде во прва постава.

Играта слаба а Гетце прича за собом.:tvg: Не знам колку шанси треба да му се дадат,ама овој е скоро па мизерен играч.За тие пари голема утка.Дуел игра и слично ала Гаудино.
Да имаш во екипа двајца играчи од ист тип т.е Милер и Гетце е баш лошо.Прво полувреме само што промаши Милер одлична шанса,друго ништо.Двајцата мизерни.Левандовски мора да влезе,поубитачен нападот да е ама и во него се сомневам.Некако не превзема одговорност,чека на тацна.

А па двајца играчи од тип на Чаби и Басти аууу.:toe::pov:
Од овие два ендемски вида,само по еден треба на терен,така си оди како подмачкано а кога се сите заедно е тогаш права мизерија се гледа доста често.
Рафиња без врска жолт,каква глупост направи.:popce:Премногу ризично играат назад со пасовите,подобро да избацат отколку да одат на 100% сигурен пас.

Шахтар доста слаби,што е и реално бидејќи немаат официјален натпревар веќе 2 и пол месеци,се тинтараат само со пријателски.

Тоа од Чаби до Робен ќе беше чист гол,ама кај се погоди тој мамето негово во милисекундата се пушти баш пред да шутне.

Рибери ни ваму ни таму,подобро на позицијата да си седи.Со Гетце и Милер неколку пати се бунеа и беа во радиус од некој метар.

0-0 е лош резултат,нека му ја мислат ако заврши така.:anco:
 
Ништо не праиме оваа година во ЛШ ко што ми изглеа. Пеп дојде во баерн да го однесе тимов уште еден чекор понапред он отиде 2,3 назад. Никаква игра и лани у нокаут фаза и оваа година исти курац. Под Хајнкес ем игравме на посед ем имавме трансформација одбрана напад за 2 секунди сеа успорена играва до бесвест. Застани подавај се споро неинвентивно и толку. Денес па и никаков пресинг немаше сеа на крај малце им текна и одма им ја земаа 3,4 пати топката. Ќе се влечеме вака до некаде и после пак ќе не исплескаат .
 
Повеќе беа дефанзивно ориентирани,да спречат контри него ли да дадат гол...
 
Realno katastrofa sme u napad, i u cel tim istotaka. Alaba nitu go vidov denes, Pep samo menuva pozicii u sekoj natprevar prai nekoi izmeni. Nekogas ke uspee nekogas ne. Realno teshko za LS godinava da osvoime, nekako pre sterilen napad imame i nestabilna sredina. Sepak dobro shto sega sme u kriza, se nadevam vrakjanjeto na Lahm, Thiago i Martinez moze da smene neshto.
 
Еве јас се понудувам да му купам јајца,и тоа јајца гајгурови на Пеп педерчето.Откога е во Баерн,на ниеден посериозен натпревар против појак противник не изиграл машки.Освен со Сити,на кои ни Бат Сити не им се плашат.Да излезеше машки барем,играчи еден куп со неверојатни офанзивни карактеристики поседува во тимот ама џабе.

Еј каква брука беше денешниов натпревар.Срамота.Мизерија!
Еден единствен шут во 39-та секунда од Рафиња кој немаше што да прави па шутна.Еден единствен чујте и почујте.Мизерија бе копиле едно.
Ги уништи со таа посрана тактика на сигурно.

Отсекогаш бил пичка и игра на сигурно,страшно нешто.Не се научи и не се научи.Доколку направат нешто посериозно во ЛШ,тоа нема да биде негова заслуга како што беше на Јуп.Јуп беше мастермајндот,Пеп не е дефинитивно.Екипата апсолутно е уназадена.Таква игра нема више да се повтори.Иако натпреварот со Сити лани изгледаше страшно и помислив дека баш така ќе играат,ама не.Пичка во душа,затоа вака и екипата си игра.Гетце и Басти тамам му пасираат на тој менталитет.

Еден страшен тандем како Рибери и Алаба го растури ,за да сега ни малку не се опасни по таа лева страна.

По неинтелегентен дудук од Чаби не постои.Мислам на фаулите што ги прави.Па човеков начука години и години и уште пак исти стартови си прави и не мисли дали ќе добие жолт без врска.Денешниве два старта му беа чист аматеризам.Срамота за играч од таков калибар да нема ич акал во таа шупливата глава.Минимум два натпревари ќе го нема.Рафиња жолт,Боатенг жолт.:boksix:Ај со Данте можеби во 1/4,нормално ако успедат да пројдат.

Да да Ченто,спречувавме контри на екипа што не ни го помириса голот во текот на целиот натпревар.Екипа што 2 и пол месеци нема изиграно официјален натпревар.Да не беше смешно,ќе беше трагично.:pos: Шахтар ништо не изигра,"поопасни ХСВ"беа:notworthy:.

Алал да ти е,Пеп до гроб.И во добро и лошо.Па критика да дадеш на ваква мизерија не би било лошо.Спречувале контри.:zver:Освен ако не си саркастичен,извини ако е така.

Нека си чути Румениге за договорот уште на пола сезона..Хенес после успеси наградуваше,а после мизерии бркаше тренери.Нека заврши сезонава,па после тие работи.

А Пеп доколку не успее да освои ЛШ сам ќе избега,дефинитивно тоа е сигурно.Три години со ваква екипа да не освои ЛШ,има да го распнат.А не е ни чудо и уште оваа сезона да јаде тежок хејт.Трета шанса не добива.Лани петарди од Реал,сезонава топ би било уште во 1/8 дома.:sakasuste:

Година и пол не успеа да состави победничка тактика,нема ни да состави.Единствена среќа за нас е што е дупен в гз па има доста среќа.Моментално само на тоа се надевам.
Нон стоп повторуваше во јавноста дека ја бара тактиката,но ќе биде кај и да е.Година и пол замина и уште карма карачи на теренот.Ни ваму ни таму.Алаба невидлив,а не е ни крив.

А и Робен себичен на крај,ја посра.:toe:
 
Доста кревате паника бе

Не е се само во фудбалот: Големината на Баерн на дело во Украина
rumenige-ukraina-615x400.jpg

Да се биде голем спортски колектив не значи само да се победува на теренот, туку да се биде пример и надвор од него. Баерн Минхен својата големина уште еднаш ја докажа на гостувањето во Украина, кога неколку часа пред мечот со Шахтјор висока делегација на баварскиот гигант предводена од Карлхајнц Румениге беше во посета на детската клиника во Лвов.

Претставниците на Баерн Минхен им дадоа пригодни подароци на дел од дечињата, но што е уште позначајно, германскиот шампион ги превзел врз себе трошоците за лекување на 60-те деца што биле пациенти во болницата во моментот на посетата.



Ние не сме херои, нашите играчи се познати ѕвезди, но вистинските херои се лекарите што се грижат за овие деца. Работата на овие луѓе е од големо значење за човештвото“ – изјави извршниот директор Румениге, кој на сите лекари во клиниката им подари влезници за вечерашниот дуел со Шахтјор.
 
Значи јас упорно тука 2 години скоро јадам трици како тоа некои играчи играат надвор од нивните позиции и тоа страшно се одразува во ЛШ (1/4, 1/2 финале), доаѓа тука некој си Џони Вајсмилер шо гледа Баерн колку да се каже дека гледа и ми кажува кој сум бил јас да го критикувам Гвардиола?

НЕ МОЖЕ на иста страна да играат и Бернат и Алаба и Рибери. НЕ МОЖЕ!
Центаршут на Алаба немам видено милион години. Да бидеме реални, колку и да игра Бернат добро има уште многу фурни за да го стигне Алаба.

На десен бек е исто - колку и да е добар Рафиња, Лам има измислено фудбал за него. И сега ќе се врати здравје и пак ќе го игра средина, а Роде нека скапува на клупа за да доигра денеска Алонсо до крај за да добие црвен. Како апла да се уништува екипата.

Левандовски му дреме на клупа, му игра ОСАМЕН напаѓач Милер. Сите анализи и сите статистики викаат дека Милер игра најдобро кога му оставаш невидлив простор да игра, а не како ОСАМЕНА ДЕВЕТКА!

Значи сето ова погоре се работи кои доколку се исправат ќе се гледа еден друг Баерн. Ова е така и свети Пеп да се симне не може да ме убеди дека е поинаку.

Кој сака да се клади со мене дека во полуфинале (ако воопшто се стигне до таму и ако се здрави сите играчи) Лам ќе игра десен бек, а Алаба лев и пак нема да биде ништо. Епа нема да биде затоа што тогаш ќе играат на позиции што заборавиле да ги играат.
Не може цела сезона да се играат некои мутави варијации, а кога ќе дојдат јаките утакмици да се игра така како што треба да се игра, едноставно така не иде.

Не очекувајте дека ако се вратат Мартинез или Тиаго нешто ќе се смени затоа што проблемот не е на тие позиции, проблемот е во бековите и во идиотските решенија на Гвардиола!!!
 
Последно уредено:
Ќе пројдеме,нема да биде проблем на Алианц и све ќе се заборави.

Факт е дека одлична дефанзива изиграа,плус дебилнион судија и глупите фаули на Алонсо и ете ти 0-0.

Секако за 2 недели ќе биде сосема друго.
 
Ќе пројдеме,нема да биде проблем на Алианц и све ќе се заборави.

Факт е дека одлична дефанзива изиграа,плус дебилнион судија и глупите фаули на Алонсо и ете ти 0-0.

Секако за 2 недели ќе биде сосема друго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom