M
Mario Gómez
Гостин
Јасно е дека згрешил, но чудно ми е со поголемиве пропусти у случајот, што сам не се пријавил у јануари колку шо треба и сега излегуваат дополнителни суми у јавност што допринесуваат да биде неизбежна затворската казна. Инаку нема врска ни со Баерн ова ни со компанијата негова за колбаси. Неколку пати јавно кажа дека големи суми вложувал на берза и на тргување со странски валути. Ќе видеме што ќе се деси, се надевам на најдоброто. Парите му ги позајмил покојниот CEO на Адидас.Има многу пропусти од Ули, да се пријавел коректно немаше да има врска која сума затајувал. Почетно пријавил 3.5м ЕУР затајуван данок, пред 2 недели пушти нови документи од банка до правобранителот и вчера кажа дека 15м ЕУР затајувал. Денес имаше една жена од даночната служба изјава дека по првични конзервативни проценки затајувал најмалце тие 27м ЕУР а можеби и поќе. На контото од Ули 2005 или 2006 имал повеќе од 150м ЕУР. Сега прашајнето ќе биде од кај му се толку пари, неможе толку колбаси да продава за да заработи толку пари. Исто така од над 1м ЕУР затајуван данок автоматски следува казна од 2години затвор. Е сега кај Ули има некој работи што можат да му ја намалат казната но засега изгледа мора да оди во затвор. Читам во Баварски форуми дека некој се плашат дека и клубот е некако умешан ама ја не верувам во тоа. Колку пати Ули по телевизија пцуеше по луѓе кој затајуваат данок за на крај да испадне дека тој најмногу од сите познати случаеви затајувал.