27.2м неплатен данок?

Велија убо викал ситно ситно... Или на таа сума неплатен данок? Баерн не е вплеткан, Ули како претседател нема вплеткано негови финансии пошто има конфликт на интереси.
Инаку my two cents. Ули е легенда на клубот. Тоа што го има направено никој нема да го заборави, секогаш ќе има место за него на стадион, и сите многу го цениме. Голем дел од тоа што сме денес го должиме на Ули и тоа ќе е емоционален момент за сите. Се надевам нема да се одрази на играчите, на пример Ули и Рибери имаат одличен однос.
Ули ќе биде осуден, се надевам нема да добие голема затворска казна, која ќе биде намалена секако по неколку жалби. Жално што ја уништи неговата репутација, но ете и најдобрите луѓе имаат некоја тајна, на Ули адреналинот му бил у берзата и FOREX, и не плаќање данок на добивката и за тоа ќе плати сега. Шит хапенс.
Акционерите нема да му дадат пак доверба и јасно е дека во скоро време ќе добиеме друг претседател. Најверојатно тоа ќе е Румениге, но може и да е Хофнер. Замер е одличен у тоа што го прави, поблизок е со играчите на таа позиција. Треба да има други способности да е претседател.
Поголеми шанси би му дал на Хофнер, пошто Румениге е многу битен како претседател на управниот одбор и нема кој да го замени, јасно е дека таа е побитна позиција отколку таа на Хенес. Хофнер ќе го замени 95%.