Нема време за со Арсенал да играат. Треба уигран тим, тој стартен состав ќе си биде од изминатите три натпревара. Нејасно само ќе биде дали со Манџукич напред или Гетце.
Најверојатно ќе биде вака:
Ноер - Рафиња, Боа, Данте, Алаба - Лам - Робен, Тиаго, Гетце, Рибери - Манџукич.
Е за реваншот веќе Швајнштајгер ќе се врати на 6-ка позицијата и Лам повторно десен бек.
Неколку минути со Нирнберг и на 15-ти на домашен терен со Фрајбург.
Искрено не можам да поверувам Басти да седи на клупа на најважниот натпревар сезонава,нормално до сега.Лавот во него е гладен!
Крос искина лани против Арсенал,ама конкуренција доста има сега па не се знае.Најконстантен и најстандарден играч сезонава е.Тиаго му ги помрси сметките.
Марио Гомез ситуација all over it.Ако не стартира со Нирнберг,може да значи дека историјата се повторува и шпекулациите може да започнат.
Нешто за со Арсенал :
Јас никако не би прифатил Рафиња да игра на гостински терен против Арсенал.Без разлика што игра во животна форма,не ми е сигурен ич.Басти ин да хаус и Лам на природна позиција.
Играме со истата екипа од лани,кои се очигледно ослабени без Волкот и Ремзи.Ништо посебно не направија лани,ама баш овие двајца беа најопасните.
Волкот аут,тоа значи дека ќе немаме голема опасност од брзи контри напади.Подолски лево крило знаеме колку е "опасен".
Дали има нешто подобро од Лам на десен бек против репрезентативен колега што го знае како дише ?
Басти против Озил ?

Алаба против Казорла..Мада и Казорла не е крило,повеќе ќе биде во средината.Ако прават свап Озил нема никаква шанса против Алаба.Нема toughness,а очигледно и брзина.Мада Алаба многу напаѓачки игра,да се редуцира тоа не би било лошо.
Подоле ќе играат Артета и еден од Окс(принудно) или Росицки како поискусен.Додуша го заборавив и Фламини.Ѕверот

За трчање,трчаат сите ама не знам колку би помогнале во одбрана.Лани врска си немаа тие што играа.
Жиру може да биде опасен,ама ако се пресече плејмејкерот Озил,90% ништо не прави.
Знаеме како ги надигра Баерн посебно Јуве и Барселона ,кога им го отсече протокот на топката од главниот разигрувач(Пирло и Чави).Како кокошки без глави беа.За тоа и таква доминација имаше.И на Арсенал им ја скрија одредено време ама резултатот не беше убав,а возвратот тежок за гледање.Се надевам сите фит ќе бидат за овој натпревар!!!!!
Озил е малце погоре а и тој не е играч како Крос и Басти па да се врати поназад за да ја земе топката.Константно тоа никогаш не го правел,од време на време можда ама не е тоа поентата.Друг ја завршува таа работа,па значи дека Артета или Росицки ќе треба да се отсечат.
Најслаби се кај бековите,посебно на лев бек.Робен треба партал да ги направи.Ако играат Монреал или Џенкинсон случајно,радостии.А и Сања паднал во брзина,не е тоа што беше.Робери мора да имаат симултанка.Гетце обавезно да игра како полушпиц за да дуплира страна,без разлика дали лево и десно.
Триаголник Лам-Гетце-Робен или Алаба-Гетце-Рибери.

Манџо обавезно да игра за да прави раздор во одбраната.
Само да не спие и да се пушта клизач кога ќе пуштаат deadly balls Робери,а тоа го прават и бековите доста често.
Нојер сезонава машина е,Данте и Боа малце проблем ама да се надеваме на најдобро.
Според мене :
Нојер
Лам Боа Данте Алаба
Басти
Тиаго
Робен Гетце Рибери
Манџо
Искрено се двоумам помеѓу посигурен проток на топката со Крос,или поопасен и поризичен проток со Тиаго.
Милер хммм..Реално може да се најде и тоа како,ама штознам..За полушпиц не го бива многу многу,на десно крило Робен е подобар.
Можда за повлечен напаѓач,ама мислам дека ни треба класичен и верувам дека Пеп нема да експериментира,и знае кои се очекувањата.
Дури и со нерешено не би бил задоволен,со овој тим се освен победа би било неуспех.
Убава прилика да се ухода,1/4 ќе има јаки екипи,мора да биде спремен.